Зошто автократите се плашат од ЛГБТ права?

Зошто автократите се плашат од ЛГБТ права?

26 јули 2017 година беше лична годишнина за мене: една година претходно напишав статија во која се расправав за отфрлање на идејата за заговорот Трамп-Русија (да, оваа идеја ја имавме пред една година) за многу поважната задача да замислиме што би можело да донесе претседателството на Трамп. Напишав дека Трамп ќе започне војна дома и додека бешее тешко да се предвиди целта, “се оболожувам на ЛГБТ заедницата, бидејќи нејзиното прифаќање е најјасна и драстична општествена промена во Америка во последната деценија, така што антигеј кампањата би ја опфатила желбата да се вратиме во време кога изборната единица на Трамп изгледаше пријатно “. Ова беше мисловна вежба; дури и кога имав аргумент за кој верував дека е логичен, не можев да поверувам во сопствените зборови. Во средата оваа недела, една година од денот откако го направив тоа предвидување, претседателот Трамп објави, преку Твитер, дека на трансродовите луѓе повеќе нема да им биде дозволено да служат во американската војска – превртување на политиката што директно и непосредно ќе влијае на илјадници луѓе.

Многу коментатори веднаш го обележаа овој потег како одвраќање, како обид да се одвлече вниманието од приказната за руски заговор, битката за здравствена заштита или сe’ она за што сметаат дека е поважно од изјавата на претседателот дека една група Американци се граѓани од втор ред. Ова не е само тешка навреда за трансродовите луѓе, туку базичен неуспех да се разбере емоционалната логика на Трампизмот. Ова е логика што Трамп ја споделува со повеќето современи моќни луѓе, и токму оваа логика го направи неговиот напад врз ЛГБТ правата толку предвидлив, дури и кога тој буквално го обвиваше своето тело со знамето со виножито минатата година.

Трамп беше избран врз база на ветувањето за враќање во замислено минато – време на коа не се сеќаваме, бидејќи никогаш не ни постоело, но време во кое Америка беше навидум голема, време кое Трамп вети дека ќе го врати. Трамп го споделува овој бренд на носталгија со Владимир Путин, кој во последните пет години зборува за руските “традиционални вредности”, со унгарскиот претседател Виктор Орбан, кој ги предупреди ЛГБТ луѓето да не бидат “провокативни” и со било кој друг европски популист, кој ветува враќање кон митското “традиционално” минато.

Со неколку исклучоци, земјите кои станаа помалку демократски во последниве години, објавија битка за прашањето на ЛГБТ правата. Москва ги забрани Парадите на гордоста и “пропагандата на нетрадиционални сексуални односи”, додека Чеченија – технички регион на Русија – започна кампања за чистење на квир луѓето. Во Будимпешта, Маршот на гордоста стана годишна парада на опозицијата: многу, ако не и повеќето учесници се стрејт луѓе кои го користат денот за да излезат против владата на Орбан. Во Турција, во владеењето на Реџеп Ердоган, се користеа водени топови за расчистување на Парадата на гордоста во Истанбул. Индија во владеењето на Нарендра Моди повторно ја криминализираше хомосексуалноста (иако трансродовите права се зачувани). Во Египет, каде што хомосексуалците доживеаја нови слободи во краткиот интервал на демократијата по револуцијата во 2011 година, сега тие се под диктатура на Абдел Фатах ел-Сиси, изложени на постојано вознемирување и надзор, а стотици се уапсени.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху е исклучок од правилото: владата го рекламираше својот извештај за ЛГБТ права, токму за да ги наметне своите инаку расфрлани демократски ингеренции – тактика која писателката Сара Шулман ја нарекува “пинквошинг”. Со други зборови, квир правата се ништо друго освен одвраќање: тие се почетокот на глобалниот пресврт кон автократијата.

Шармот на автократијата лежи во нејзиното ветување за радикална едноставност, отсуство на избор. Во измисленото минато на Трамп, секој човек има свое место и сигурна предвидлива иднина, секој и сè е токму онака како што изгледа, а владата ја води еден човек кој издава наредби што не може и не треба да се доведуваат во прашање. Самото постоење на квир луѓе – а особено трансродови – е навреда на оваа визија. Транс луѓето ги комплицираат работите, ја фрлаат иднината под знак прашалник преку обликувањето на нивната, додаваат слоеви на интерпретација на изгледот и ја оспоруваат логиката на кој било човек кој ја уредува судбината на луѓето и земјата.

Може да се смееме на премисата на руската забрана за “хомосексуална пропаганда” – небаре отворената репрезентација на квир, па дури и виножитото (ваквото тврдење постои) може да претвори стрејт човек во квир. Во исто време, во Русија квир луѓето се идеална цел за владината пропаганда, бидејќи самата идеја за нив служи како соодветена заемена за цела ера на либерализација која сега се избегнува. Пред распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, да се биде квир беше незамисливо. Потоа, стана можно заедно со многу други работи: светот стана комплициран, полн со можности и непредвидливости. Исто така, стана застрашувачки – токму затоа што ништо повеќе не беше сигурно.

Овој страв ги преминува географските граници; речиси е исто во земјите кои никогаш не биле комунистички и во општествата кои никогаш не биле наводно затворени. Преголемата загуба на економската сигурност, исчезнувањето на доживотните кариери, зголеменото чувството за свет трансформиран од движењето на луѓето преку границите, сето ова се совпадна со зголемената видливост на ЛГБТ луѓето. Во Америка, исто така, појавата на квир лице може да го предизвика стравот од промени.

Кампањата на Трамп се водеше од зборот “повторно”, ветувањата за “враќање” на чувство на сигурност и “враќање” на поедноставно време. Кога тој вети дека ќе го изгради ѕидот и дека ќе се бори со различни непостоечки криминални бранови (урбани, имигрантски), тој ветуваше дека ќе ги заштити Американците од чудното, непознатото, непредвидливото. И во овој случај, квир луѓето може да послужат како стенографи. Со твитот дека ќе им забрани на трансродовите луѓе да бидат дел од војската, Трамп покажува дека тој е автократот за кој е избран да биде: тој може да ги контролира луѓето со издавање наредба. Редот ја спојува војската – симболот на безбедноста на Американците – со трансродовите луѓе, кои прават толку многу Американци да се чувствуваат вознемирено.

Гледањето во некој кој е олицетворение на изборот – можноста да се биде или да се стане поинаков – може да биде како гледање во бездната на несигурност. Во оваа смисла, гледањето на Маршот на гордоста или гледањето во транс лице може да направи стрејт човек да се почувствува многу квир: тоа претставува можност, со што светот станува застрашувачки. Ова зборува за современата ситуација за која социјалниот психолог Ерих Фром пишува во својата книга Nazism, Escape from Freedom: способноста да се измислиш себеси. Човек веќе не се раѓа како трговец или селанец, или доживотен жител на одредена населба, или маж или жена. Оваа слобода може да даде чувствуво на неподнослив товар. Не е ни чудо што најозлогласениот дел од американското анти-транссексуално законодавство – законот за тоалети во Северна Каролина – се фокусираше на изводот на родените како најважен документ. Со заложувањето дека луѓето користат јавни тоалети во согласност со полот назначен при раѓањето, законот создаде ситуација во која некои луѓе кои изгледаат, се однесуваат, мирисаат- се идентификуваат и живеат како жени – треба да го користат машкиот тоалет и обратно – но утврди дека позицијата на еден човек во светот е поставена од раѓање.

Во изминатиот половина век, американското ЛГБТ движење го подвитка ‘рбетот и го прифати верувањето дека идентитетот на човекот е утврден при раѓањето. “Се родив ваков” е мантрата која овозможи многу политички напредоци и голем дел од културното прифаќање на ЛГБТ луѓето, дури и покрај тоа што ги избриша личните избори и искуства на многу квир луѓе. Но, не постои никаква гаранција дека ЛГБТ луѓето “кои не можат да одолеат” која може да ја намали вознемиреноста што ја предизвикува спектаклот на луѓето што ги прекршуваат родовите улоги. Ова е тип на вознемиреност која Трамп ја посочи како кандидат и повторно ја посочи со неговото очигледно ветување за прочистување на трансродовите луѓе кои веќе служат во војската. Ова не е одвлекување: ова е суштината на Трампизамот.

Извор