01 Sep Ненормативни сексуални идентитети во мадридскиот Прадо
Во музејот Прадо во Мадрид во тек е изложбата “Поглед на другиот. Простори на различноста” која носи нова перспектива на музејската збирка, по пат на посебно осмислен тематски водич кој поттикнува размислување за приказот на истополовите врски и ненормативните сексуални идентитети низ историјата.
Темите кои се претставени на изложбата излегуваат од рамката на она што би очекувале да го видиме во склоп на славната збирка на старите мајстори во Прадо. Сепак, изложбата покажува дека иако темите можеби изгледаат поврзани со модерната и современата уметност, во реалноста уметниците уште од антиката тематизирале и прикажувале разни облици на љубов и сексуалност во своите дела.
Изложбата Поглед на другиот е истовремено отворена со мадридскиот WorldPride, а се состои од 30 дела кои прикажуваат истополови врски, трансродови луѓе или трансвестизам, или пак нивните автори биле прогонувани заради својата сексуалност. Наместо да ги изложат во изложбен простор, кустосите одлучиле да ги остават делата на нивните вообичаени позиции (со додадени ознаки) за да укажат на богатата историја на прикажување на ненормативните сексуалности во западната уметност и истовремено ја истакнале поттиснатоста на оваа историја.
Sandro Boticelli, Leonardo da Vinci и Caravaggio се вклучени во изложбата како примери на уметници кои биле прогонувани заради својата сексуалност и осудувани за содомија, што е ретко познат факт и покрај тоа што станува збор за славни личности.
Едно од изложените дела е и Hermafrodit на Matteо Bonuccelli (1652.), бронзена скулптура на синот на Афродита и Хермес во природна големина, која е пример за величањето на андрогината убавина. Тука е и El Cid на Rosа Bonheur (1879.), ретко изложувна слика од збирката на Прадо која е прикажана само за оваа прилика, а вклучена е не само заради тоа што Bonheur била лезбејка, туку и заради тоа што од полицијата успеала да добие “дозвола за маскирање во маж” (во тоа врме на жените им било забрането да носат панталони) за да може да ги посетува саемите на коњи и да ги набљудува животните, нејзината омилена сликарска тема.
Вклучени се и две слики на Rubens: Одисеј и Диомед го разоткриваат Ахил го прикажува Ахил облечен во женски алишта за да го одбегне заминувањето во војна, а Дијана и Калиста прикажува сцена во која Дијана открива дека Калиста забременила кога Зевс се маскирал во неа за да ја оплоди Калиста. Од сликата можеме да видиме дека не само што постоело силување во грчката митологија, туку постоела и женска и машка хомосексуалност.
Поглед на другиот е изложба која не само што фрла нова светлина на фасцинатната збирка на Прадо, туку и одново ја испишува историјата на уметноста, охрабрувајќи ги посетителите во добро познатите уметнички дела да воочат нови врски и веќе постоечките но скриени значења.