04 Aug Сеќавање на James Baldwin
На 2-ри август се одбележа 93-от роденден на James Baldwin. Починатиот автор, роден во Њујорк во 1924 година, многумина сметаат дека е еден од највлијателните афроамерикански писатели и главен глас на Движењето за граѓански права. Неговото пишување, кое ги истражуваше расата и сексуалноста, вклучува реномирани дела на фикција и документаристика. Меѓу неговите критички најценети литературни придонеси се романот Go Tell it on the Mountain, Giovanni’s Room и Another Country, како и книгата со есеи, “Notes of a Native Son.”
Сметан за влијателен американски книжевен глас, Baldwin го проживеа најголемиот дел од својот живот во Франција. Геј, црнец од конзервативно христијанско семејство, Baldwin бил фрустриран од расизмот и предрасудите што ги видел вкоренети во американското општество. Неговото незадоволство од овој систем на нееднаквост во голема мера ќе влијае на неговите книжевни дела. Пишувањето на Болдвин е познато по храброста во справувањето со теми за расизам, сексуалност и религиозни теми кои се сметаа за чувствителни во Америка во средината на векот.
Неговиот прв роман, полу-автобиографскиот Go Tell it on the Mountain, е почитуван и од читателите и од критичарите за внимателното испитување на религијата и расизмот во Америка. Следниот роман на Baldwin – Giovanni’s Room создаде контроверзии поради неговото прикажување на хомосексуалната врска меѓу двајца мажи. Наводно, на Baldwin му било кажано од еден издавач да го запали, но по некзиното издавање, книгата добила пофалби од литературните критичари.
По смртта од рак на желудникот во 1987 година, наследството на Baldwin беше одбележано од страна на писатели и активисти за граѓански права.
“Тој беше голем застапник за лична и расна слобода”, рече свештеникот Jesse Jackson за Associated Press. “Тој беше еден од гигантите”.
Делата на Baldwin сé уште имаат значајно влијание врз современите уметници. Документарниот филм за човекови права од 2016 година I’m Not Your Negro е базиран на недовршените мемоари на Baldwin “Remember this House” и беше номиниран за Оскар во 2017 година. Исто така, режисерот на Moonlight Barry Jenkins го посочи Baldwin како големо влијание за неговиот филм добитник на Оскар. Jenkins го планира следбеникот на Moonlight со адаптација на делото на Baldwin If Beale Street Could Talk.
Baldwin беше погребан на гробиштата Ferncliff во Хартсдејл, Њујорк..