Покана за отварање на изложба и дводневна конференција

Покана за отварање на изложба и дводневна конференција

Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници ве поканува на

 

 -отварање на шведската ЛГБТ изложба: ’Член 1 и Музеј Нестрејт’ и

 – интернационална дводневна конференција: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата

 

 

Член први е патувачка ЛГБТ изложба на некои од најеминентните музеи во Шведска, и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично поставена во Стокхолм за време на Европрајд, во летото 2008 година. Откако беше поставена на Балтик прајд во Рига, во Белград и Сараево, го имаме задоволството да ја претставиме изложбата и во Скопје, во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија), од 22.02-15.03. 2012г. Отварањето на изложбата е во 20.00 часот.

 

 

Изложбата е сочинета од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна која има заеднички предмет – ЛГБТ историјата. Музеите кои со свој материјал земаат учество во изложбата се: Нобел Музејот, Шведскиот Полицискиот Музеј, Шведскиот Национален музеј на технологија и наука, Шведскиот музеј на армијата, Шведскиот национален музеј на антиквитети и Шведскиот музеј на спортови.

 

 

Шведската изложба ќе биде проследена и со локална контрибуција која ќе се состои од две поставки: “Сексуалноста на архивата’” и “Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија”.

 

 

Изложбата ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција на тема: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата. Првиот ден од конференцијата, 23.02, ќе се фокусира на темите поврзани со ’Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес’, додека вториот дел, 25.02, ќе ги отвори прашањата за ’Национализмот, културата, историјата и сексуалноста’. Конференцијата и двата дена ќе се одржува во просторот на Чифте амам, од 18.00-20.20 часот.

Локални партнери во организацијата на настанот се: Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, Институтот ’Евро-Балкан’, Чифте Амама-Национална галерија на Македонија, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Шведска во Белград.

 

 

Вашето присуство ќе ни претставува посебно задоволство и чест.