26 Jun Необичната кариера на Klaus Nomi
Роден во германската покраина Баварија во 1944 година, Klaus Nomi емигрирал во Њујорк на 28-годишна возраст, каде малку се бавел со оф-бродвејска театарска работа и работел на црно како пекар. До 1978 година се впуштил во уметничката сцена на East Village и го постигнал првиот голем успех кога извел арија во вселенски костум во серијата “New Wave Vaudeville” на Ирвинг Плаза. Неговото лице било покриено со бел прашок и црн туш, а неговата коса била комбинација на тукушто станат од кревет-Ed Grimley-Flock of Seagulls. Klaus Nomi се само-идентификувал како вонземјанин, и навистина изгледал така.
Nomi го усоврши својот сценски настап следната година, кога настапи со David Bowie на Saturday Night Live. Шоуто беше емитувано на 15 декември 1979 година, и Bowie, поддржан од Klaus и Joey Arias, изведе три песни, кои означија пресвртница во кариерата на Bowie. New wave беше најпопуларен жанр, па Bowie продолжи да биде актуелен. Дојде време да се биде уште почуден, а ексцентричната естетика на Klaus можеби беше најголемото влегување (и косигнација) за Bowie во тој свет.
Врската која беше заемно корисна траеше само една вечер. Klaus беше вљубен во огромниот пластичен костим кој Bowie го носеше за време на настапот, а подоцна го направи и свој. Изложеноста му донесе и договор со издавачката куќа на Bowie – RCA. Што се однесува до Bowie, тој имаше нова муза, но обожавањето беше од далеку. Убеден дека Bowie ќе го исполни ветувањето да работат заедно по нивниот прв и последен настап на сцена, Klaus го чекаше неговиот повик. Неговиот телефон никогаш не заѕвони.
Сепак, Klaus Nomi стана свој бренд. Тој беше длабоко вкоренет во операта, откако претходно работел како придружник во оперската компанија Deutsche Oper во Германија, како и повремено пеејќи арии во геј клубот Kleist-Casino во Берлин. Зголемената уметничка сцена на Њујорк совршено се измеша со постоечкиот звук на Nomi. Не беше невообичаено Jean-Michel Basquiat или Keith Haring да се појават на сцена додека Klaus го изведуваше својот избор на хитови, особено неговата химна “The Nomi Song”. Неговата формула беше конзистентна, но не стереотипна. Секоја песна вклучуваше драматична промена на октавите, каде што Klaus се искачуваше на екстремни височини и падови, без никаков напор. Тој ги одвлекуваше рацете во карате-рифови со секоја промена на нотите, проширувајќи ги очите секој пат кога ќе премине во повисоки октави. Продукцијата на неговите песни секогаш беше исклучително синтетизирана и театрална. Пластичниот костум стана негов заштитен знак, и тој објави два албуми – неговиот деби албум од 1981 година и “Simple Man” следната година. Тој почина на 6 август 1983 година од компликации поради СИДА, што го направи еден од првите познати личности кои подлегнале на болеста. Неговата пепел била расфрлана низ Њујорк.
Поминаа 36 години откако Klaus Nomi ја делеше сцената со David Bowie, но насловната песна од претстојниот албум на Bowie, Blackstar, има необична врска со Nomi. Во продолжение, брз курс од пет видеа за легендарниот аутсајдер.
Озборуваната изведба на SNL на “The Man Who Sold The World”. Погледнете го пластичниот костум на Bowie што Nomi подоцна го присвои, откако тој и Joey Arias пееја бекап, убедени дека ноќта ќе ги одведе некаде. (Еве еден бонус од Klaus како влече пластична розева пудла на сцената).
Изведба на “The Nomi Song” од 1982 година во озлогласениот пластичен костум. Во 2004 година, Andrew Horn го режираше документарецот за животот на Klaus Nomi, насловен како The Nomi Song. Филмот нагласува како Klaus успеа да се открие во Њујорк. Оваа песна послужи како негова битка, а неговите фанови – кои се претворија во пријатели (наречени “the Nomis”) исто така ја искористија како свој манифест.
Еве го видеото за кавер-верзијата на Номи од 1981 година на “Lightnin’ Strikes” од Lou Christie. За Nomi стана традиција да ги зема познатите поп хитови и да ги претвора во авангардни продукции. Тој, исто така, направи преработка на “The Twist” на Chubby Checker, од динамична прослава на лудост на танцот до бавна, речиси злобна заводлива песна за изобличување на телото. Додека неговата преработка на “Ding Dong the Witch is Dead” од Волшебникот од Оз е подеднакво чудна, тој сепак задржа некои од квалитетите на оригиналот.
Видео на Klaus за неговиот сингл “Simple Man”. Во видеото, тој носи спортски костум, заедно со капут, шетајќи низ градот тврдејќи дека тој е само еден секојдневен човек. Во еден момент за време на видеото, тој го исфрла костумот и се враќа во својот пластичен смокинг на забава каде што сите му се восхитуваат, но се’ уште се чини дека не е на место, па оттука и неговото тврдењ дека доаѓа од вселената. Кога се обидел да се прилагоди, не успеал; кога го изразил своето вистинско јас, сè уште се чинело како да доаѓа од друга планета.
Можеби нajотрезнувачкиот настап на Klaus Nomi беше неговиот последен пат на сцената. Кон крајот на неговата кариера, Klaus навлезе подлабоко во својата оперска страна, па дури и ја замени својата облека за да изгледа потеатрално. До крајот на 1982 година, неговата состојба се влошуваше поради СИДА-та. Неговото тело беше покриено со рани, па затоа тој носеше јака во барокен стил за да ги маскира раните на вратот. Оваа изведба на “Cold Genius” (од кралот Артур на Henry Purcell) се одржа шест месеци пред неговата смрт, за време на европската мини-турнеја. Тој одеше со неговото изнемоштено тело и мали нозе по скалите до микрофонот и го изведе перформансот на својот живот.
Бонус за подобрување расположението: Шоуто “Real People” емитуваше епизода на излогот на продавницата Fiorucci во Њујорк, каде што Klaus и Joey застрашуваа пешаци, слични на Michael Alig и club kids кои упаѓаат во епизодата на Geraldo 10 години подоцна: