Токсичната машкост во геј заедницата

Токсичната машкост во геј заедницата

2015 titbitball.jpg?ixlib=rails 2.1

од Madison Moore

Разговарав со еден симпатичен дечко на Grindr—веќе имавме разменето над 50 пораки, што е на завидно ниво—и во моментот кога побара повеќе слики (геј момците секогаш имаат пена на уста за слики, слики, и уште слики), му кажав дека сите мои слики се на Instagram. Неколку секунди подоцна тој се врати со следново: “Малку си женствен,” и се почуствував како дигитално да ме удрил во стомак. Да, малку сум женствен, момци. И? Бев толку изнервиран, тажен и лут што не се ни обидов да одговорам. Не се одбранив, не се обидов да му вратам, ниту да го приберам. Само влегов во улогата на Whitney-Houston-како-Savannah-“Vanna”-Jackson во Waiting to Exhale и издишав.

Сликата “Малку си женствен” за која тој зборува е сликата која ми ја донесе главната награда за Најдобро облечен посетител на Tit Bit Ball во Берлин, мини бал кој ја слави растечката вогинг заедница на градот. Темата беше Studio 54, а јас ги обожавам ноќните клубови и дотерувањето, па се појавив во прекрасен кадифен фустан со огромни ракави, целиот прекриен со златни светки. Не носев гаќи, ги облеков моите штикли и ги премачкав нозете со путер. Ги ставив моите вечерни црни ракавици од латекс, сребрена кружна обетка и носев сребрена светкава плик чанта. Никој не смееше да ми припари!

Ја објавив сликата на Instagram бидејќи се гордеев. Прв пат ми беше да настапам на бал, а и за прв пат добив трофеј, и се разбира дека сакав да го споделам тој момент на социјалните медиуми. Но признавам дека бев малку нервозен бидејќи се сетив дека мојот Instagram е поврзан со моите профили на Grindr и Tinder, што значи дека момците ќе можат да ги разгледуваат овие слики и да се одлучат дали им се допаѓам или не. Одлучив да не се грижам премногу, ако некој не може да се справи со фактот дека понекогаш носам штикли или дека се изразувам себеси преку облеката на овој начин, тогаш не ни вреди. Пресекувам!

Полесно речено од сторено, особено кога се чувствуваш осамено. Притисокот да го следиш нормативот, да се вклопиш и да ги следиш сите правила е толку голем и отровен што не’ заслепува да ги видиме другите начини на живот. Фактот што бев неодлучен околу објавувањето на прекрасната фотографија, бидејќи знаев дека ќе оддалечи некои момци покажува колку е токсична машкоста дури и за мојот квир мозок. Не сум лут што овој дечко и други како него не сакаат да разговараат со мене заради тоа што носам штикли и изгледам прекрасно. Лут сум што другите геј дечки не сфаќаат дека се дел од системот и она што навистина ме разлутува е зошто геј мажите не ja критикуваат сопствената апсурдност.

Каде се добрите геј мажи кои се чувствителни кон комплексноста на расата и родот, кои разбираат дека одбивањето луѓе заради тоа што не се вклопуваат во идеалот на белата, патријархална машкост е токсично, навредливо и целосно го поддржува системот?

Постои бар еден таков и се заљубив во него. Штета што живее на илјадници километри.

Извор