Важна пресуда за случајот на говор на омраза од страна на Европскиот суд за човекови права

Важна пресуда за случајот на говор на омраза од страна на Европскиот суд за човекови права

Денеска Европскиот суд за човекови права донесе едногласна пресуда во случајот Вајделанд и други против Шведска и соопшти дека обвинението на лицата кои дистрибуирале летоци навредливи кон хомосексуалците како група според шведските закони не преставува непочитување на Европската конвенција за човекови права и нивните активности не се заштитени со Членот 10 на Конвенцијата.

 

 

ИЛГА-Европа ја поздравува оваа важна пресуда која за првпат се справува со говорот на омраза кон хомосексуалните лица. Во овој случај, во навредливите летоци кои биле дистрибуирани ја нарекуваа хомосексуалноста „девијантна сексуална појава“ која има „морално деструктивен ефект врз основите на општеството“. Во летоците беа содржани и обвинувања дека хомосексуалноста е причина за проширувањето на ХИВ и СИДА заразата и дека „хомосексуалното лоби“ се обидува да ја минимизира педофилијата.

 

 

Судот потврди дека овие изјави преставуват сериозни обвинувања и предрасуди, дури и во случајот на недостатокот на директен повик на криминални дела поттикнати од омраза. Судот соопшти дека дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е исто толку сериозна како и дискриминацијата врз основа на „раса, потекло и боја“.

 

 

Мартин К. И. Кристенсен, Ко-претседавачот на извршниот одбор на ИЛГА-Европа, изјави:

„Ова е навистина важна пресуда. Веќе неколку декади лезбејките, геј луѓето, бисексуалците, транссексуалците и интерсексуалните лица се предмет на лавина од навредлива, неоснована, дискриминаторска и потсмевлива реторика. Долго време таквите изјави се сметаа дека се заштитени со правото на слобода на изразување и мислење. Судот денеска јасно призна дека таквите изјави се навредливи за целата заедница, и потврди дека лицата и организациите кои изразуваат, објавуваат и шират такви ставови не можат да се оправдаат со правото на изразување загаранатирано со Конвенцијата.

 

 

Ова преставува сериозен сигнал за голем број на организации и индивидуи низ Европа кои продолжуваат да даваат навредливи изјави за ЛГБТ лицата, дека изразувањето на омраза е неприфатливо и дека заштитата на слободата на изразување која произлегува од Конвенцијата не може да биде искористена како пред-текст за да не бидат спречувани и казнувани според законот.

 

 

Media release by the European Court of Human Rights regarding the judgement in the case of Vejdeland and Others v. Sweden (application no. 1813/07)

Judgement of the European Court of Human Rights in the case of Vejdeland and Others v. Sweden (application no. 1813/07)

 
 

Според членовите 43 и 44 од конвенцијата, одлуката на судот не е финална. За време на тромесечниот предиот од нејзино донесување, која било страна може да побара случајот да биде преставен пред Главната комора на судот.

 

Hate speech factsheet by the European Court of Human Rights