Нормализирање на квир фетиши преку автопортретска фотографија

Нормализирање на квир фетиши преку автопортретска фотографија

Францускиот фотограф Aurélien Nobécourt Arras за прв пат земал фотоапарат в раце пред 10 години. Официјално обучен за филмска фотографија, тој од секогаш на еден или друг начин ги истражувал различните начини на репрезантација на телото. “Сексуалноста во фотографијата ја открив преку George Pitts,” вели тој, “Си помислив, за ова служи фотографијата, ова е она кое сакам да го работам. Како мојот прв, сеопфатен час по сексуално образование.” Но неговата фотографија одѕвонува се’ освен сексуално образование.

Инспириран од микс помеѓу Robert Mapplethorpe, Claude Cahun и Nobuyoshi Araki, Nobécourt Arras поминал значително време интегрирајќи груба сексуалност со деликатниот медиум филмска фотографија. “Ја поврзувам дигиталната фотографија со технологија — таа го поврза медиумот со вредностите на денешницата: висока ефикасност, брзи резултати, масовност на конечни резултати, премногу избор… Непотребно ја комплицира фотографијата.” Неговото одбивање на овој современ момент на зголемено комплицирање со цел глобално поедноставување се наѕира од секоја негова фотографија. Што е поедноставно од тело кое посакува друго тело?

Преку истражување на законите на привлечност и нашата базична желба за секс, Nobécourt Arras шокантното го прави нормално, а необичното забавно. “Одредени секс практики ги сметаме за прифатливи, но некои други се се’ уште закопани длабоко во стигмата за фетиш или ‘перверзно’ однесување. Во еден момент од минатото, сексот надвор од рамките на размножувањето се сметал за перверзен, така што, кого залажуваме?”

Unknown

Па така, не е изненадување што Nobécourt Arras одлучил да се вклучи и себеси во многу од неговите фотографии и да ги направи неговите субјекти повеќе или помалку анонимни. Овој ранлив гест го позиционира уметникот во центарот на неговата работа, земајќи ја одговорноста да го носи бремето на репрезентација на секакви видови сексуалности. Уште повеќе, Nobécourt Arras исто така воспоставува простор за мажите да го разбудат чудакот во себе без притоа да се соочат со срамот и маргинализирањето кои бездруго би ги имале преку изложување на себеси. Но во никој случај Nobécourt Arras не е застапник на идејата мажите да ја сокриваат својата вистинска сексуална желба. Напротив, со неговото истапување во преден план, тој дава до знаење дека тоа не е ризик, туку ослободување.

“Сметам дека геј културата може и треба да биде многу поинтересна,” вели тој. “Не бевме маргинализирани со години за да маргинализираме други за возврат, а уште помалку себеси. Не велам дека сите се или треба да бидат диви во постелата (или било каде), но за мене сексуалното однесување е само уште еден облик на човечко однесување, и со неговото проширување е разновидно и различно колку и самото човештво.”

Извор