26 Mar Sylvia Rivera зборува за немирите Stonewall во необјавена снимка од 1989
Eric Marcus од Making Gay History имал ретка и непроценлива шанса да разговара со Syliva Rivera во 1989. Сега, Marcus ја објави снимката, која ни’ открива дел од ставовите и размислувањата на Rivera за немирите Stonewall, како и родовиот идентитет, дрег кралиците и животот во Њујорк.
Проследете ја снимката и транскриптот подолу:
Eric Marcus: Интервју со Ray Rivera, сабота, 9-ти декември, 1989, во 16:00. Локацијата е домот на Ray Rivera во Tarrytown, New York. Интервјуто го спроведува Eric Marcus. Лента 1, страна 1.
Sylvia Rivera: Stonewall не беше бар за дрег кралици. Сите го велат спротивното. Токму тука влегувам во расправија со луѓето. Тие велат, “Ох не, отсекогаш беше бар за дрег кралици и бар за црни луѓе. Не, Washington Square Bar беше барот за дрег кралици. Океј, можеше да влезеш во Stonewall ако те знаат и постоеја само неколку дрег кралици на кои им беше дозволен влез во Stonewall во тоа време.
Само што се вративме од Washington, јас и мојот прв љубовник. Работевме со фалсификувани чекови и што ли уште не. Но заработувавме добро. Па така решивме да одиме во Stonewall. Да го направиме она што најдобро го умееме. Ајде да одиме таму. Всушност, тогаш за прв пат бев во Stonewall.
Не бев целосно во дрег. Бев облечена многу задоволувачки. Носев женски костум. Ѕвонарките не беа во мода тогаш. Имав направено прекрасен костум сама дома, го носев и косата ми беше пуштена. Многу шминка, многу коса.
Пиевте или само шетавте низ барот?
Јас пиев. Влегоа полицајци. Дојдоа да си го земат митото, како и обично. Влегуваа и ставаа катанец на вратата. Откако ќе си отидеа, доаѓаше мафијата, ќе ја пресечеа вратата, имаа нова каса, повеќе пари и повеќе алкохол. Се научивме да живееме со ова. Моравме. Моравме, се’ до тој ден.
Не знам дали беа гостите или полицијата. Едноставно [пука со прстите], се’ кликна.
Сите прашуваа, За кој курац го правиме ова? Луѓето од баровите, особено оние од Stonewall, беа инволвирани и во други движења и сите имаа став, Мора да го сработиме нашето. Ќе го сториме тоа. Кога не’ изнесоа надвор, беше фино, знаеш, кога со фино ќе те извадат надвор. Во моментот кога сите се најдовме застанати во паркот кај Sheridan Square, се запрашавме зошто? Зошто? Одеднаш имаш чувство дека…сите гледавме еден во друг. Зошто мораме постајано да се справуваме со ова? Тогаш почнаа да летаат монети.
Зошто? Зошто го сторија тоа?
Заради митото. Тоа беше исплата.
Ох…
Тоа беше исплатата.
Симболика на исплатата.
Да.
Има уште, нели?
Има. Да бидеш таму, знаеш…беше, ох, беше прекрасно…
Возбудливо?
Многу возбудливо. Имаш чувство на, Wow, се случува. Се случува. Им ги ебеме нервите. Цајканите, знаеш, испаничија. Инспекторот Pine испаничи многу. Ама многу. А и немаше поддршка. Знаеше… не ја очекуваше одмаздата која ја доби од геј заедницата.
Мислиш ли дека ова беше резултат на лутината која луѓето ја држеа толку долго?
Луѓето беа лути предолго време. Мислам, колку долго можеш да живееш во плакар?
Јас веќе бев излезена од мојот.
Тогаш, ако си очигледен, не постоеше ништо што може да те задржи.
Општеството секогаш гледаше во феминизираните мажи и буч жените. Ние сме тие кои излегоа и не дозволија да не’ серат. Немавме што да изгубиме. Всушност, ги разбирам оние кои ги држеа главите наведнати во тоа време, бидејќи веројатно имаа убави работни места и имаа семејства кај кои може да се обратат.
Јас се родив да бидам феминизирано дете. Баба ми ќе си дојдеше дома и ќе ме најдеше дотерана. Ќе ме исплескаше по задникот. “Ние не правиме вака. Ти си момче. Сакам да бидеш механичар.” Јас и’ велев, “Не, сакам да бидам фризер. Сакам да го правам ова. И сакам да ја носам оваа облека.”
Се родив на 2-ри јули, 1951, во 2:30 наутро во такси на паркингот од старата болница Lincoln. Старата кралица не можела да дочека. Вели, “Спремна сум за на улица.” Баба ми секогаш се шегуваше за ова. Јас и’ велев, “Па да, разбираш сега зошто секогаш штрчам на улица.” И тогаш…излегов надвор со нозете.
Да?
Да.
Значи си слетала во…
Знаачи дека бев спремна.
Секогаш ја спомнувам баба ми бидејќи мајка ми почина кога имав 3 години. Таа ме израсна. Баба ми ме растеше додека не си отидов од дома.
Значи си отиде од дома на 10 годишна возраст.
Да. Си отидов кога имав 10, 10 ипол. Речиси 11 години.
Единствената причина што напуштив толку рано беше бидејќи баба ми си дојде дома еден ден плачејќи, со солзи во очите, “Те викаат pato.” На шпански тоа значи педер. Многу ја болеше тоа што ми го прават. А и беше јасно. Знаеше.
Многу ја почитував баба ми. Не сакав да страда. Не стануваше збор за мене, не сакав таа да страда.
Како преживуваше на улица?
Станав проститутка. Стоиш на улица и правиш пари.
На таа возраст.
На таа возраст беше лесно да се заработи.
Не се сеќавам колку пати баба ми ме вадеше од затвор. Беше тука за мене. Секогаш доаѓаше, ме вадеше. Ќе речеше, “Ова е внук ми. Морам да го извадам.”
За што беше во затвор?
Проституција. За глупости, ништо големо.
Ако си педер, доволно беше само да прошеташ по 42nd Street и веднаш одиш во затвор.
Значи си била во затвор повеќе пати.
Многу пати.
Заедницата секогаш се срами од дрег кралиците.
Зошто мислиш така?
Зошто? Не, не станува збор Зошто мислам. Знам.
Океј, зошто знаеш?
Бидејќи, стрејт заедницата секогаш смета дека, Педерите секогаш се облечени во дрег или се премногу феминизирани. Мора да бидеш оној кој си. Проаѓање значи црна жена со светла кожа да пројде како бела. Јас одбивам да проаѓам.
Не можеше да пројдеш.
Не, не можев.
Не во овој живот.
Не. Сакам да бидам јас. Забавно е…забавно е да бидеш Sylvia. Забавно е да ја играш играта.