Уметник ги истетовира зборовите “Make America Great Again” околу својот анус

Уметник ги истетовира зборовите “Make America Great Again” околу својот анус

Ако ова не го спаси светот, тогаш што?

 

Квир перформерот Абел Аскона ја издигна критиката кон Доналд Трамп на повисоко ниво: ги истетовира зборовите од слоганот на кампањата на претседателот “Make America Great Again” во круг околу неговиот анус.

Тетовирањето на фразата се случило во Defibrillator галеријата во Чигаго пред публика од заинтересирани набљудувачи на почетокот на оваа недела. Аскона, кој бил дел од повеќе од 500 перформативни проекти и над 100 индивидуални изложби ширум светот, изјави за Хафингтон пост дека ова го смета за квир и политички чин.

„Отсекогаш сум го користел моето тело како оружје и политичка алатка“, изјави Аскона. „Повеќе од 12 години изведувам политички и социјални перформанси и изложби заради кои сум завршил во затвор, притвор или со смртни закани. Верувам во еманципирањето на телото и болката. Анусот за едни е ерогена зона, за други е зона на грев. Мислам дека демистификацијата на тоа што е анусот и испишувањето на фашистичко, политичко мото како тоа на мојот анус, е јасен критички и субверзивен чин.“

Аскона посочи дека секој кој се соочува со маргинализација или дискриминација заради администрацијата на Трамп има одговорност да проговори за тоа на било кој начин.

„Сметам дека сите ние што се сметаме за различни никогаш не треба да молчиме“, продолжи Аскона. „Мора да нападнеме. Мора да ги користиме нашите тела како оружје за еманципација. Ние сме педери, жени, Мексиканци, црнци и различни. Ние сме храбри. Според мене, уметноста е најголемото критичко, социјално и политичко оружје.“

Колку болно моќна изјава! За да прочитате повеќе за Аскона, кликнете тука.