Муслиманското квир движење е во пораст

Муслиманското квир движење е во пораст

Во Америка, муслиманите најчесто се претставени како нетолеренанти и полни со предрасуди. Сепак, се’ повеќе муслимани се идентификуваат како квир, и се’ повеќе џамии низ земјата отворено ги прифаќаат квир луѓето.

Низ целата територија на САД и Канада, квир имами ги повикуваат ЛГБТ муслиманите – наместо да бидат одвратени од верата, овие муслимани се охрабрени да го реинтерпретираат Куранот.

Џамијата Unity е една од најотворените џамии. Нејзиниот духовен водач, El-Farouk Khaki, е отворено геј имам и адвокат за човекови права. Неговите неделни миси се посетени од квир муслимани, од кои многумина биле отфрлени од семејствата и заедниците заради нивната сексуалност и родов идентитет.

Додека повеќето религиски водачи – христијански, еврејски и муслимански – се познати по поставувањето строги правила за што ‘смее’ а што ‘не смее’ кои наводно доаѓаат од Бог, Khaki има драстично различен пристап.

Тој често дискутира за грижата за себе, која е особено важна за религиозните квир луѓе кои се чувствуваат виновни во врска со својата сексуалност. Исто така, тој дискутира и за физичкото, спиритуалното и емоционалното закрепнување.

Неговата главна цел е да ги охрабри членовите на верскиот собир да оформат спиритуална врска со Бог и да ја пронајдат сопствената спиритуална патека. Не станува збор за постанување добар муслиман според традиционалните интерпретации на Куранот. Станува збор за постанување добар муслиман според неговото срце.

Khaki е неконвенционален не само во верувањата на неговата џамија, туку и во практиките. Тој не сака присутните на неговите собири да следат ритуали како што е рецитирање на Куранот или молење пет пати на ден без притоа да истражат зошто го прават тоа.

Иако традиционалните џамии ги делат мажите и жените, Khaki преферира сите да се молат на едно место како исти.

Во оваа џамија, може да видите конзервативно облечени жени во хиџаб. Но може да видите и жени кои се покриени со тетоважи и кои одбиваат да носат прекривки за глава.

Откако Donald Trump дојде на позиција, работата на квир заедниците како оваа станува се’ поважна. Не само што квир муслиманите се прогонети од семејствата, туку и јавно се исмевани и напаѓани. Џамијата на Khaki е безбедно место.

Дознајте повеќе за муслиманското квир движење во пораст тука.

Извор