07 Mar Новото видео на The Carry Nation евоцира хипнотичко хедонистичка квир клубска ноќ
Њујоршкото диџеј дуо и промотери на квир забави The Carry Nation денес го објавија видеото за “As If,” нивниот неодамнешен сингл за лондонската издавачка куќа Batty Bass Records. Во режија на бруклинскиот режисер Tyler Jensen, клипот отсликува непослушна улична група која со задоволство се предава на хедонизмот. Содржи БДСМ опрема, сугестивни слики од храна, па дури и lucha libre боречка маска, и завршува со групен кадар кој ја евоцира познатата слика на Leonardo da Vinci – Последната вечера.
The Carry Nation разговараа со THUMP за приказната зад “As If” преку email. “Песната е дел од серија на оригинални траки инспирирани од спектарот на звуци извлечени од турнејата од изминатава година,” изјавија тие. “Нашата намера за песната беше да создаде звук на хипнотички танц кој во еднаква мера е апстракција и блискост.”