27 Feb Подучувањето човекови права го редуцира силеџиството, открива една студија
Подучувањето деца за нивните човекови права може да го редуцира силеџиството и исклучувањето, да ги подобри односите со наставниците и да создаде помирна атмосфера за учење, според една академска студија објавена денес.
Еден проект на Unicef UK кој е во тек во повеќе од 1000 училишта низ Британија ги учи учениците за нивните права и одговорности, и ги охрабрува да поставуваат правила за однесување во училницата.
Првата евалуација на проектот од неговото лансирање во 2004 открива дека неговото воведување било придружено со пад на бегањето од часови и подобрување на резултатите во училиштата со висока пропорционалност на деца на бесплатни школски оброци.
Доказот е нагласен во тригодишната студија на Rights Respecting School Award (RRSA), спроведена од истражувачи од универзитетите во Sussex и Brighton.
Во истражувањето на 31 училиште, истражувачите откриле дека имало “малку или воопшто немало дерење” и дека конфликтите меѓу учениците ескалирале поретко отколку пред примената на новиот пристап. Исклучувањата на определено време опаднале во 13 училишта, се стабилизирале во 3, и 5 не пријавиле исклучувања, открива студијата.
Учениците учествувале во донесувањето одлуки со зголемена стапка, од дебати за состојбата на игралиштата до дискусии за назначување на персоналот. Во некои училишта, учениците посочувале кандидати за наставници во училиштето и поставувале прашања кои тие сакале да ги прашаат.
Учениците исто така давале фидбек откако кандидатите ќе одржеле пробни предавања.
Anita Tiessen, заменик директор на Unicef UK, вели: “Погрешно е што сите деца во ОК не учат за своите права. Денешниов извештај од евалуацијата покажува колку голем ефект може да има не само на децата, но и на наставниците, школските лидери, властите и родителите.”
Во меѓувреме, едно истражување објавено денес од страна на образовната добротворна организација Sutton Trust открива дека сиромашните деца е два пати поверојатно дека ќе тргнат на училиште со проблеми во однесувањето, во споредба со нивните попривилегирани врсници. Повеќе од третина (35%) од најсиромашните 3-годишни момчиња покажале проблематично однесување, споредено со едно од шест (15%) од оние кои живеат во побогати домаќинства, открива студијата.
Истражувањето, спроведено од Elizabeth Washbrook од Bristol University, побарало од родителите да го оценат однесувањето на нивните деца во однос на хиперактивноста и невниманието, проблеми со поведението, емоционални симптоми, и проблеми поврзани со врсниците.
До 7-та гдина, 22% од најсиромашните момчиња се’ уште страдаат од проблематично однесување, во споредба со 10% од оние од побогати домови.
Кај девојчињата, стапките се пониски, но речиси третина од најсиромашните девојчиња покажале симптоми на проблематично однесување на 3-годишна возраст, со пад на една петтина на 7-годишна возраст.
Истражувањето сугерира дека разликата во однесувањето помеѓу посиромашните и побогатите деца се зголемила во изминатите 10 години. Девојчињата од семејства со ниски примања кои се родени во раните 90-ти е 2 пати поверојатно дека ќе покажат проблематично однесување отколку оние на 7-годишна возраст. Оние родени во близина на милениумот е 3.5 пати поверојатно дека ќе покажат такви симптоми.
Проблематичното однесување е почесто кај децата со обесправена позадина, вели студијата, и разликите помеѓу богатите и сиромашните се највоочливи на 3-годишна возраст, пред да тргнат на училиште.
Сер Peter Lampl, претседател на образовната добротворна организација Sutton Trust, вели: “Оваа студија се темели на рани докази на фондацијата кои покажуваат дека децата од посиромашни домови се веќе една година зад нивните врсници со средни примања на когнитивните тестови при тргнувањето во училиште.
“Сега знаеме дека обесправените деца исто така имаат поголема веројатност да бидат со тешко и предизвикувачко однесување. Не не’ чуди тоа што разликата во достигнувањата расте за време на основно училиште.
“Повеќе од се’, истражувањето уште еднаш укажува зошто е толку важно да се интервенира во предучилишна возраст за да се спречат проблемите пред да се развијат.”