06 Feb Лондонски протест против одлуката на Шведска за стерилизација на трансродовите лица
Минатиот понеделник глобалниот протест против инсистирањето на шведската влада на она што беше опишано како политика на еугеника поврзана со трансродовите лица, се прошири пред амбасадата на земјата во Лондон.
Протестот беше мирен и на него присуствуваа околу 40 членови и подржувачи на британската транс заедница делејќи флаери, покажувајќи транспаренти и љубезно дебатирајќи со вработените од амбасадата.
Меѓутоа, луѓето на протестот беа свесни дека ова прашање е сериозно и нема набрзо да го снема.
Несогласувањето потекнува од фактот дека според шведскиот закон, кој потекнува од 1972-та година трансродовите лица не можат да добијат признание за нивниот утврден родов идентитет доколку не подлегнат на стерилизација.
Во многу инстанци реодредувањето на родот од машко во женско е природен учинок на хирушкиот зафат. Но, во други услови реодредувањето на родот од женско во машко, случајот не е таков.
Не само што оваа одлука оди наспроти прифатената пракса во голем број на земји, вклучувајќи ги Португалија, Велика Британија и Шпанија, туку Шведска, исто така, има поставено и дополнителен услов: уништување на било каков биолошки репоруктивен материјал, вклучувајќи ја спермата и јаjце клетките, што подоцна би можеле да бидат искористени за ин витро фертилизација.
Ова преставува пристап кој беше осуден од страна на Томас Хамрберг, комесарот за човекови права во Советот на Европа, кој кажа дека таквиот услов преставува одење наспроти принципите на човековите права и човечкото достоинство.