03 Feb Филипинскиот претседател и’ изрече наредба на полицијата да ги запре сите операции во борбата против дрогата
Претседателот Rodrigo Duterte од Филипините и’ даде наредба на полицијата да ги прекине сите операции во неговата смртоносна војна против дрогата, во која повеќе од 7.000 луѓе беа убиени откако тој ја презеде функцијата минатата година.
Наредбата, која тој ја најави за време на говорот пред војската во претседателската палата нема да ја заврши кампањата, бидејќи како што додаде Duterte, агенцијата за борба против дрогата во неговата канцеларија, а можеби и војската, ќе продолжат со борбата.
“И’ наредив на полицијата да ги запре сите операции”, рече Duterte за време на говорот. “На ниту еден полицаец во оваа земја не му е дозволено да ги спроведува законите поврзани со кампањата на дрога.
Говорот е последица на месеците обвиненија од страна на групите за човекови права против полицијата која ги користи официјалните мерки за спроведување на незаконски убиства. Во вторникот, Amnesty International објави извештај во кој се наведува дека полицијата местела докази и крадела од луѓето кои ги убивале.
Објавата на Duterte се базира на налог издаден оваа недела со кој се распуштаат полициските единици против дрога, по убиството на еден бизнисмен од Јужна Кореја од страна на непослушните службеници.
Duterte изјави дека бил “засрамен” што припадници на единицата против дрога ја злоупотребиле својата моќ и се вклучиле во киднапирањето и гушењето на Jee Ick-joo во просториите на штабот на националната полиција.
Во вторникот, во претседателската палата, Duterte рече дека Филипинската агенција за спроведување на законот за дроги (PDEA) ќе ја преземе водечката улога во неговата кампања, со поддршка од војската.
1.800 вработени на PDEA сочинуваат нешто повеќе од 1% од 160.000-те припадници на Националната полиција на Филипините .
Duterte во својот говор сугерираше дека можеби ќе треба да се повикаат на помош и припадници на војската, изјавувајќи дека би бил мртов ако “не ги вклучи во игра”.
Претседателот претходно се закани дека ќе воведе воена состојба, но степенот на претстојната вклученост на војската во војната на дрогите е нејасен. Портпаролот на вооружените сили, бригадниот генерал Restituto Padilla изјави дека воената акција била дискутирана на разговорите за безбедност, но не е јасно во каква форма.
Duterte исто така изјави дека временската рамка за неговата војна на дрогите ќе биде продолжена до крајот на неговиот мандат во 2022 година. Претходно, тој имаше воведено рок од март оваа година.
Портпаролот на претседателот Ернесто Abella изјави дека Duterte ја разгледува можноста за повторно воспоставување на полицијата, паравоена сила користена од страна на поранешниот диктатор Ferdinand Marcos. “Се’ уште не е официјално, но колку што знам филипинската полициска установа може да се активира повторно”, изјави Abella.
Илјадници осомничени дилери на ниско ниво, но, исто така и осомничени корисници на дроги беа застрелани во војната на дрогите на Duterte, која има за цел да стави крај на употребата на метамфетамин. Најмногу смртни случаи се припишуваат на одмазднички убиства или нерешени убиства, но околу 2.550 од нив се случија за време на полициски операции.
Според официјалните податоци, во вторникот се увидоа уште четири смртни случаи за време на полициски операции, иако тоа не беше веднаш јасно.
Конгресменот Edcel Lagman ја опиша ситуацијата со полицијата како “благослов” и рече дека е време да се биде груб.
“За прв пат во шест месеци немаме пријавени убиства поврзани со дрога”, рече Lagman. “Повеќе не треба да се биде нежен со џамбазите полицајци, тие заслужуваат железна тупаница”.