Минатогодишниот пад од 40% на ХИВ инфекции во Лондон се припишува на предекспозиционата профилакса од црниот пазар

Минатогодишниот пад од 40% на ХИВ инфекции во Лондон се припишува на предекспозиционата профилакса од црниот пазар

Земањето на лекови за предекспозициона профилакса (PREP) како Трувада пред незаштитен сексуален однос со ХИВ позитивно лице значително може да го намали ризикот од инфекција (лековите може да се земат и после потенцијалното изложување); иако ваквата употреба е одобрена во Англија, фондот за здравство (NHS) се’ уште не го покрива овој лек, па оние кои сакаат да го земат треба да платат 400 фунти месечно.

Но народот не сака да одбира помеѓу инфекции опасни по жиот, сексуално задоволство и фармацевтски патенти, па затоа активисти од Обединетото Кралство поставија веб-страни како I Want PREP Now, каде месечна залиха од генеричка PREP од Индија и Свазиленд (кои се во можност да произведуваат патентирани лекови благодарение на спогодбата ‘Пристап до медицина’) чини 40 фунти.

Ова се совпаѓа со невидениот пад на нови ХИВ инфекции во Лондон – пад од 40% во една година – вчудоневидувачка бројка која ги поттикна медицинските професионалци да преминат од давање совети против земање лекови од онлајн аптеки кон обезбедување на лесно достапни алатки за анализа – со цел да се оцени квалитетот на овие лекови.

Шина Мекормак од лондонската клиника 56 Dean Street вели дека ваквиот пад е малку веројатно да се должи на зголемената употреба на кондоми, бидејќи стапките на други сексуално преносливи болести (како сифилис) се приближно исти во 2016 година како и претходната година.

Метју Ходсон од ХИВ информативната организација NAM, вели дека и покрај тоа што падот теоретски би можел да се сведе на превентивното влијание на зголемените тестирања и третмани, тоа е малку веројатно со оглед на времето и остриот пад на инциденца.

Најдобриот аргумент за користење на PREP е дека функционира одлично кон намалувањето на нови инфекции, вели Џејсон Домино, кој го користи лекот веќе две години, откако се испоставило дека негов партнер е ХИВ-позитивен. “Се справувате со инфекција на која е енормно скапо да и’ се пристапи”, вели тој. “Тоа заштедува пари за NHS.”

Извор