Како сексуалните работнички му се спротивставуваат на Трамп

Како сексуалните работнички му се спротивставуваат на Трамп

Превод: Јулија Мицова

За заедница која се наоѓа во сигурен ризик, засилената опозиција против новиот избраник за претседател не претставува само политика – се работи за преживување

Доколку размислувате како повеќето либерални и прогресивно насочени Американци значи дека не спиете добро. Секојдневните известувања за формирањето на кабинетот на Трамп веројатно не ви дозволуваат да заспиете до доцна навечер, дури брзате и да присуствувате на протестите, донирате пари на АЦЛУ (Американскиот сојуз за граѓанска слобода) и резервирате билети за да марширате во Вашингтон.

Ништо поинаку не е ни со сексуалните работнички во земјата. Додека е многу веројатно дека дел од нив гласаа за Трамп, повеќето сексуални работнички – кои се занимаваат од позирање без облека па до проституција и сѐ што може да се смести измеѓу – се вбројуваат во категориите кои се во голем ризик со доаѓањето на администрацијата на Трамп. Претежно се работи за жени, повеќето од нив се квир или трансродови, многу од нив се имигранти без документи. Речиси сите од нив работат независно, па дури и незаконски, имаат мало здравствено осигурување преку Законот за достапна здравствена заштита или клиниките кои ги опслужуваат оние со помали примања, како на пример „Планирано родителство“.

Затоа, ширум земјата во малите заедници на сексуалните работнички се јави движење налик она на Робин Худ. Во класата на која припаѓаат овие жени кои се наоѓаат во стабилна финансиска положба и располагаат со завидлив приход, одеднаш сите се придружуваат кон истото: одвојуваат дел од парите што ги заработуваат од напалените американци и ги пренасочуваат во прогресивни цели во знак на поддршка против Трамповата администрација. Без разлика дали нивните клиенти се републиканци или демократи, сите ги трошат истите пари.

Ари, социјален работник од Њујорк која повремено работи и како ескорт вели дека сексуалните работнички во градот не кренаа глава од работа заради републиканските клиенти неделата пред претседателските избори.

„Во текот на предизборната недела имав секс со многу републиканци“, изјави Ари, која замоли да не се користи нејзиното презиме. „Сите на [интернет] форумите на сексуалните работнички се шегуваа за тоа, затоа што цела недела сите се плескаа “.

Благодарение на сексуалните работнички, републиканските пари се користат во цели како што се „Планирано родителство“ или Протестите кај Стендинг Рок. Голем дел од нив придонесуваат за маркетинг на посебни настани за собирање пари во стриптиз клубовите или пак се организираат преку приватни групи на Фејсбук и други интернет форуми каде сексуалните работнички споделуваат битни информации за клиентите или за полицајците кои работат тајно и каде постираат фотографии од користени штикли за продажба.

Дел од нив се организираа против Трамп и пред изборите: групата „Скитнички против Трамп“ (Tramps against Trump) понуди голи фотографии  на секој што ќе вети дека нема да гласа за републиканскиот кандидат. Групата не беше сочинета единствено од сексуални работнички, но членовите кои беа сексуални работнички, како на пример Ајли Вајли во суштина ја нудеа својата роба за без пари.

Зошто една жена со толку тешка работа би ги раздавала макотрпно заработените пари? За Вајли и сличните нејзе, можноста да се заработи голема сума на пари во краток период – без притоа да се работат задолжителните 40 часови неделно – е привилегија за која е свесна.

„Најубавото нешто во сексуалната работа е тоа што имаш доволно слободно време за да се фокусираш на радикален активизам“, вели Вајли, која позира за порно интернет сајт. „Мојата работа нема да страда доколку бидам уапсена. Имам пари за да го финансирам сопствениот активизам и слободна сум да патувам каде треба“.

Ел Стенгер, стриптизета и самохрана мајка од Портланд посочува на контрастот меѓу нејзината професија и минималната саатнина. Како поранешен вработен во супермаркет и самата е свесна колку малку пари и време има работничката класа – и е благодарна што може да си дозволи да раздаде дел од заработката.

aaa

„Луѓето заглавени во ниско-платени работни места во големите корпорации мораат да го зачуваат секој денар што го заработуваат“, вели Стенгер.

Токму затоа таа се реши Црниот Петок да го претвори во настан за собирање пари во стриптиз клуб, во знак на одобрување на празникот на очајна потрошувачка на работничката класа. Стенгер настанот го наслови #Thanksstripping и го промовираше на Инстаграм, Тумблр и Фејсбук. 100% од бакшишот кој Стенѓер го доби на сцена таа вечер оди како донација за „Планирано родителство“. Повеќето од клиентите ги споделуваат нејзините политички ставови, вели таа, и мисли дека тоа што „Трамп и Пенс најавија укинување на финансирањето на „Планирано родителство“ е ужасно. Заинтересираноста за #Thanksstripping беше навистина голема“.

„Една личност веќе ми врачи 100 долари пред една недела – рече дека за празникот нема да биде во градот но сепак сакал да даде некаков придонес“, рече Стенгер. „Повеќе жени ширум земјата побараа да го користат хаштагот за истата цел“.

Линзи Ли исто така е самохрана мајка и стриптизета од Портланд. Ли стана позната во 2013 година по кокетната коресподенција со сенаторот Кори Букер, тогашен градоначалник на Њуарк, Њу Џерзи, а сега ѕвезда во подем во демократската партија.

„Даночниот план на Трамп и неговото влијание врз нас ме загрижува“, вели Ли, повторувајќи дека стриптизетите се класифицирани како независни договарачи. „Веќе предложи скратување на одбитокот за самохраните родители. Кој знае што ќе им направи на малите бизниси или на само-вработените“.

Две сексуални работнички од Њујорк – ескорт и модел на приватен порно сајт – изјавија за списанието дека исто така ќе донираат дел од заработката во прогресивни цели со цел да се поддржи отпорот против најавената администрација.

„Многу луѓе донираат пари доброволно во моментов“, вели Вајли, која планира да го посети резерватот  Стендинг Рок во Северна Дакота за да биде дел од протестите против нафтоводот. „Моето патување целосно ќе го финансира еден од клиентите“.

Вајли исто така е загрижена дека сервисите слични на „Планирано родителство“ќе престанат со работа, но мисли дека најголем приоритет во моментов претставува протестот против нафтоводот бидејќи се наближува зима во резерватот – нејзиниот план е да достави топла облека и други неопходни предмети во кампот. Но на нејзиниот список за донации се наоѓаат и други организации: бесплатната телефонска линија за советување Trans Lifeline како и бројни грасрутс фондови за абортус кои им помагаат не жените да платат за патувањето, сместувањето и другите трошоци при самиот процес во државите каде овие услуги се достапни.

„Имам среќа што моите клиенти ги споделуваат моите политички ставови“, вели Вајли при што истакнува дека другите сексуални работнички „пишуваат на Фејсбук за секојдневните услуги кои ги даваат на поддржувачите на Трамп“.

Ари, ескортот од Њујорк која извести за приливот на републиканци во предизборната недела, вели дека повеќето од нејзините клиенти се либерали – исто така истакна дека по изборите бил потребен дополнителен емотивен труд за да се утешат „белите либерални богати клиенти кои не сфаќаа дека Америка е расистичка“.

Работата како социјален работник на Ари ѝ дава уникатна перспектива за Америка со која ќе владее Трамп: во поголемиот дел во нејзината работа таа се соочува со црнечки и муслимански заедници со мали плати кои зависат од социјалните сервиси финансирани од страна на владата како Медикејд и „Планирано родителство“.

„Донирав дел од парите на „Планирано родителство“ во името на Мајк Пенс“, вели Ари. „Мислам дека е смешно од повеќе аспекти, затоа што се работи за пари кои буквално ги заработив од проституирање“.

По изборите, Ари исто така испрати пари и до центарот „Али Форни“ и проектот „Одри Лорд“, две организации кои „конкретно работат со обоени транс млади, голем процент од кои се занимаваат со сексуална работа за да преживеат“.

Дваесет и петгодишната стриптизета Тамра Хорнер, исто така и танчерка во Портланд, изјави дека предизборната недела била „разорувачка“, а вестите за случаи на малтретирање и насилство против жени, муслимани, ЛГБТ двојки и обоени луѓе ја вознемириле. Одлуката да издели дел од приходот таа недела ја донела без двоумење.

aaaa

„Затоа се решив да донирам на НААЦП (Националната асоцијација за напредок на обоените луѓе) и РАИНН (Национална мрежа против силување, злоупотреба и инцест)“, изјави Хорнер. „Донирав третина од неделниот приход – вкупно 533 долари – кои ги поделив меѓу две организации“.

Хорнер планира повторно да донира дел од својот приход во иднина, а следниот пат ќе донира третина од бакшишот заработен од танцување на шипка и во скут на групи како АЦЛУ и организации кои се борат за правата на ЛГБТ заедницата.

Стриптизетите како Хорнер и Стенгер сметаат дека нивните клиенти ги отсликуваат ставовите на градот – прогресивни, либерални, но помалку чкрипави. Но сексуалните работнички во другиот дел од земјата се принудени да нудат интимни услуги на мажи чија професија и политички ставови остро се спротивставуваат со нивните сопствени вредности.

Ескортот Кити Минкс работи во легален бордел во Невада, „Ранчот на љубовта“, каде доаѓа во контакт со најразличен профил на луѓе. Единственото заедничко за сите нејзини клиенти е тоа што патуваат до Невада затоа што е единствената држава во САД каде проституцијата е легална и регулирана од страна на министерството за здравје.

Минкс исто така изјави дека решила дел од нејзиниот приход да го подари во добротворни цели по победата на Трамп. За што се бори таа? Животната средина – поточно безбедните живеалишта за океанскиот свет.

„Програмите од овој тип се финансираат од страна на владата“, вели Минкс. „Администрацијата на Обама досега ги финансираше програмите за животна средина, сите знаци посочуваат дека администрацијата на Трамп нема да го следи“.

Минкс е со право загрижена заради претседателскиот избраник: Трамп назначи познат скептик на чело на агенцијата и најави дека има планови улогата на Агенцијата за заштита на животната средина да ја сведи на советодавно и да дозволи дупчење за нафта и гас како и рудници за јаглен на федерално земјиште.

Дел од секојдневието на Минкс во нејзината работа е да руши стереотипи. Себеси се опишува како една од ретките ЛГБТ легални сексуални работнички што опслужуваат ЛГБТ клиенти, како дел од чудната заедница која се облекува како ликови од филмови, книги или видео игри и вели дека „се обидува да ја направи сексуалната работа поприфатлива… доминацијата на клиентите кои се бели богати мажи ја успори работата“.

Додека самите сексуални работнички се трудат да издвојат дел од финансиите заработени пред изборите, дел од нив исто ја користат позицијата во која се наоѓаат за да ги охрабрат клиентите на поголема политичка ангажираност. Неколку часа пред интервјуто, Ари се сретнала со еден од редовните клиенти.

„Бевме во кревет, јас бев сосема гола, седната врз него, а тој почна да објаснува колку е глупо движењето на безопасните игли (The safety pin movement)“, вели Ари. „Му реков дека не се работи за активизам, се работи за бели либерали кои сакаат да си ја олеснат совеста“.

Клиентот ја прашал што е попродуктивна алтернатива според нејзе, а сцената потоа наликувала на сцена од Лисистрата.

„Го запрашав дали го побарал претставникот на неговата држава, а тој ме погледна чудно“, вели Ари. Затоа се симнала од него и му покажала скрипта за телефонски повици на која наишла на Фејсбук и го натерала клиентот да се јави на телефон – му се заканила дека „нема да се ебе со него дури не се јави“.

Клиентот ја прочитал скриптата по телефон: „Здраво, се викам __________ и припаѓам на избирачката единица број ______. Се јавувам затоа што ме загрижува назначувањето на Стив Банон за главен стратег на Белата Куќа од страна на Доналд Трамп“.

Републиканците ја зазедоа контролата над Белата Куќа но сексуалните работнички ја заземаат контролата над своите гласачи. Или пак барем над нивните пари.

Извор