Форумот за дроги на граѓанското општество на ЕУ бара поголема вклученост

Форумот за дроги на граѓанското општество на ЕУ бара поголема вклученост

Форумот за дроги на граѓанското општество (CSF), експертска група на Европската комисија со повеќе од 40 членови претставници на водечки НВО од ЕУ, минатата недела го одржа пленарниот годишен состанок во Брисел. Форумот прерасна во влијателно гласило, но потребна му е поголема инклузивност и финансирање од институциите на ЕУ.

Форумот, чии претседавачи се Maria Phelan (Harm Reduction International) и Fay Watson (EURAD) е разновидна група на НВО кои застапуваат различни полиња, региони и идеолошки пристапи. Се состои од четири работни групи. Првата, предводена од  Marie Nougier од International Drug Policy Consortium, е најголемата и најангажираната. Ги координира институционалните врски со ЕУ – поттикнува дискусии во Horizontal Working Party on Drugs (HDG), месечниот форум за донесување одлуки при Советот на ЕУ, каде сите земји членки се застапуваат себеси. Оваа работна група од 20 членки испрати неколку документи до HDG, и нејзините препораки се одразија во позицијата на ЕУ на Специјалната сесија за дроги на Генералното собрание на ОН во април 2016.

Фактот што ЕУ е поборник за прекинување на смртната казна, како и намалување на штетите и пристап до основни лекарства, делумно е резултат на интензивните напори на CSF, кои и понатаму ги советуваат земјите членки на ЕУ да го имплементираат документот на UNGASS, како и да се подготват за следниот голем глобален состанок на ОН во 2019. Групата бара да се даде поголем акцент на јавното здравје, човековите права и учество во граѓанското општество. Проблематики како онаа за правна регулација на дрогите создаваат поделба во Форумот, кој е идеолошки разновидна група на НВО.

Друга важна проблематика кон која цели CSF е онаа за вонсудските убиства на Филипините. Форумот испрати допис до HDG, барајќи од ЕУ да испрати силна порака за престанок на масакарот и повлекување на сите финансирања на ЕУ кои се користат како спонзорство за прекршување на човековите права.

Втората работна група на Форумот, предводена од David Liddle од Scottish Drug Policy Forum, се фокусира на промоција на минимални стандарди за квалитет за побарувачка и намалување на штетите во ЕУ. Иако минималните стандарди за квалитет на EQUS беа прифатени од ЕУ, нивото на нивна имплементација во земјите членки на ЕУ е мало – попречено од недостигот на одржливост, едукација и тренинг, како и неадекватна соработка помеѓу НВО и јавните власти. Следната година, работната група ќе поднесе четири документи за дискусија за четири клучни популации: жени, млади луѓе под ризик, возрасни корисници на дроги и мигранти/бегалци

 

Третата работна група, предводена од Marcus Keane, од Ana Liffey Drug Project, се фокусира на вклученоста на граѓанско општество во земјите членки. Оваа група спроведе онлајн анкета меѓу НВО во Европа за вклученоста на граѓанско општество – беа собрани 119 одговори од 32 земји. Она што го имаме сега се необработени податоци, но групата работи на тоа да создаде документ кој ќе ги потенцира резултатите. Овој документ може да служи како алатка за застапување на позначајна, струкуирана и формална вклученост на граѓанското општество во донесувањето на одлуки.

 

Четвртата група, која ја предводам јас (Rights Reporter Foundation), работи на еваулација на стратегијата и акцискиот план за дроги на ЕУ. Оваа година, ЕУ ја реализира среднорочната еваулација на стратегијата за дроги (2013-20) и последната еваулација на првиот акциски план (2013-16). Работната група подготви еваулациски извештај ова лето и ова е еден од главните извори кои ги користат надворешните еваулатори. Извештајот потвди дека Акцискиот план за дроги на ЕУ е од додадена вредност, но забележува дека постојат бариери во неговата имплементација во земјите членки – поточно, недостиг на адекватни финансиски средства за дејностите од листата. Помеѓу страшните последици од ваквото неадекватно финансирање се престанокот на услугите и зголемената стапка на зарази од хепатит и ХИВ помеѓу корисниците на дроги. Комисијата сега работи на извештајот за проценка и работната верзија на новиот Акциски план – нашата работна група ќе обезбеди препораки. Работната верзија на следниот акциски план ќе биде издадена во март и тогаш ќе биде дискутиран во Европскиот парламент.

Во вторникот после пладне, CSF имаше заеднички состанок со HDG, каде претставници од граѓанското општество и земјите членки дискутираа за клучни проблематики, како што е имплементација на документот на UNGASS, ситуацијата на Филипините, стандардите за минимум квалитет, и новиот Акциски план за дроги.

Пленарниот состанок на Форумот го предводеше координаторското тело за дроги на Европската комисија, кое неодамна го промени името од “Тело против дроги” во “Тело за организиран криминал и политики на дроги”. Според Floriana Sipala, предводникот на телото, ова спојување нема да влијание на работата на Комисијата за политики на дроги и нејзиниот балансиран пристап базиран на докази. Сепак, малиот буџет е знак дека оваа област не е политички приоритет. Годинава, Комисијата објави повик за апликации за грант, но достапни се само 2 милиони евра – доволни за финансирање на најмногу 4 до 5 интернационални проекти. Ова е значителен пад во споредба со Програмата за превенција и информирање која беше прекината во 2013.

Иако CSF е официјално регистрирана експертска група спомната во Акцискиот план за дроги на ЕУ, нема статус на набљудувач во HDG, така што нејзината вклученост не е постојана и нема стабилно финансирање. Комисијата има ограничени средства, доволни да покријат еден пленарен состанок и еден состанок на групата секоја година – а не постојат средства за координација/комуникација меѓу состаноците. За да се реши овој проблем, оваа година CSF испрати апликација до Директоратот за правда на Европската комисија за грант. Одлуката ќе биде објавена во фебруари.

Peter Sarosi

Извор