14 Nov Марш на толеранција 2016
Вчера, 13-ти ноември, традиционално во 12ч од пред Музејот на Град Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ по осми пат го организираше Маршот на толеранција, посветен на борбата против говорот на омраза.
Овогодинешниот Марш на толеранција беше поддржан од Платформата против говор на омраза, од каде се спротивставуваат на културата на неказнивост и ги повикуваат надлежните државни институции: Министерството за внатрешни работи, јавните обвинителства и судовите да преземат итни и неодложни мерки за гонење и санкција на говорот на омраза.
Под слоганот Омразата е слабост активистите за човекови права порачаа дека говорот на омраза не завршува на зборови туку продуцира насилство. На осмиот Марш на Толернцијата, активистите ги повикаа МВР, Јавните обвинители и судовите да преземат итни и неодложни мерки за гонење и санкција на говорот на омразата, бидејќи за голем дел од нападите нема правна разрешница.
Како дел од Маршот, на платото пред Универзитет на ЈИЕ, каде што и заврши рутата, беа промовирани видеа во кои повеќе јавни личности го изразуваат својот став и осуда на говорот на омраза. Видеата можете да ги погледнете овде.