28 Sep ПУБЛИКАЦИЈА НА Е-КНИГА: ‘СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗБОРУВААТ. КОЈ СЛУША?’
ICRSE го поздравува објавувањето на публикацијата “Сексуалните работници зборуваат. Кој слуша?”, колекција на статии и текстови напишани од организации на сексуални работници, активисти и научници. Неколку статии прво беа објавени на вебсајтот на OpenDemocracy. Е-книгата сега е достапна за симнување од вебсајтот на OpenDemocracy.
‘Сексуалните работници зборуваат. Кој слуша?’ е спонзорирана и произлегува од тековните активности на COST Action IS1209 ‘Споредба на европските политики на проституција: Разбирање на скалите и културите на управување’ (ProsPol). ProsPol е финансиран од COST, а ‘Универзитет Есекс’ е носечка институција за грантот.
Издавачот на книгата, Giulia Garofalo Geymonat и еден од претседавачите на ICRSE PG Macioti објаснуваат:
‘Оваа серија ги адресира насилството, експлоатацијата, злоупотребата и трговијата со луѓе присутни во сексуалните индустрии, но тоа го прави од перспектива на сексуалните работници. Ова се жените, мажите и трансродовите луѓе кои директно се допрени од злоупотребата, експлоатацијата и трговија со луѓе за кои се дискутира, и тие се луѓето кои активно и колективно се спротиставуваат на сите форми на насилство врз нив. Со директното објавување на нивните гласови се надеваме дека ќе им помогнеме на читачите да и се спротистават на индиферентноста, од една страна, и да станат покритични кон државните интервенции, кои во голема мера се уважуваат и оправдуваат како неопходни за борба против трговијата со луѓе, од друга.’
Симнете ја публикацијата во .pdf формат тука