Промоција на истражувањето „Прекршувања на човековите права на луѓето кои употребуваат дрога при контакт со полиција во Р.Македонија: истражување спроведено помеѓу корисниците на дроги“.

Промоција на истражувањето „Прекршувања на човековите права на луѓето кои употребуваат дрога при контакт со полиција во Р.Македонија: истражување спроведено помеѓу корисниците на дроги“.

 

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ , на 29.01.2016, петок, во 11.00ч, во хотел Арка, ќе го промовира истражувањето “Прекршувања на човековите права на луѓето кои употребуваат дрога при контакт со полиција во Република Македонија: Истражување спроведено помеѓу корисниците на дроги“. Збор на промоцијата ќе земат Жарко Трајаноски, главен истражувач, проф. Стојанка Мирчева од Факултетот за безбедност, Ива Михајловска – претставник на Народниот Правобранител, и ​Влатко Деков – ХОПС – Опции здрав живот Скопје.

Целта на спроведеното истражување беше: а) да се соберат индивидуални податоци, перцепции и впечатоци на луѓето кои употребуваат дроги кои укажуваат на кршење на човековите права од страна на полицијата; б) да се идентификуваат главните типови прекршување на правата на луѓето кои употребуваат дроги при контакт со полиција; в) да се подигне свеста за прекршувањето на човековите права на луѓето кои употребуваат дроги кај општата јавност кај припадниците на полицијата (за потребата од почитување на достоинството и правата на луѓето кои употребуваат дроги при примената на полициските овластувања), и кај самите луѓе кои употребуваат дроги (за потребата од преземање конкретни мерки за заштита на нивните човекови права во случај на повреда при примена на полициски овластувања).

​​