22 Dec Во Русија има пет милиони корисници на дрога
Москва: Русија има преку пет милиони корисници на дрога, изјави рускиот шеф на службата за контрола на дрога.
Имамe околу пет милиони корисници на дрога – вели Виктор Иванов, начелник на руската федерална служба за контрола на дрога, на состанок на владата минатиот вторник.
Меѓутоа додаде дека: „Не сите од нив се станати вистински зависници. Стотиците илјади ХИВ и хепатит инфекции преставувват резултат на некотролиранотот користење на дрога во земјата“
Иванов изјави дека секоја година сто илјади лица се осудуваат на суд за пуштање во продажба на дрога и дека тоа преставува постојан „социјален ред“ во врска со дрогите во Русија.
Русија се смета себе си една од најтешките жртви и на хероинот кој се произведува во Централна Азија, и претседателот Д’митри Медведев авганистанскиот хероин го нарече „закана за руската безбедност“.