04 Dec Европскиот Парламент бара од Хрватска да ги заштити геј граѓаните пред да влезе во ЕУ
Европскиот парламент усвои резолуција со која ја потсетува Хрватска за нејзината обврска да ги заштити геј граѓаните од хомофобија и хомофобично насилство пред да и се приклучи на Европската Унија во 2013-та година.
Минатата година, Европскиот Парламент објави дека Хрватска, Македонија и Турција мора да покажат дека се способни да ивозможат вистинска заштита на геј луѓето доколку сакаат да станат земји членик на Унијата.
Земјите со кандидатски статус беа потсетени дека заштитите како законот за антидискриминација преставува нешто за кое не може да се преговара.
Но, минатото лето, Маршот на годроска во приморскиот град Сплит имаше насилен епилог.
Во резолуцијата која ја прифати Парламентот се вели дека длабоко се загрижени поради насилството врз членовите на ЛГБТ заедницата која учествуваше на маршот во Сплит на 11 јуни 2011 и неспособноста на хрватските надлежни лица да ги заштитаат учесниците.
Хрватските власти се повикани да ги истражат и решат криминалните дела кои беа извршени за време на парадата и да развијат стратегии за спречување на слични инциденти во иднина.
Во текстот, исто така, се вели дека тие треба што најбрзо да прифатат и имплементираат акционен план против хомофобијата.