Тамара Адриан е првата трансродова пратеничка во Венецуела!

Тамара Адриан е првата трансродова пратеничка во Венецуела!

Tamara-adrián

Историска победа за трансродовите лица. Имено, оваа недела (6 декември), активистката за правата на ЛГБТИ лицата и првата трансродова кандидатка во историјата на политиката на Венецуела, Тамара Адриан беше избрана заедно со останатите 167 парламентарци.

На гласачкото ливче, граѓаните гласале за Томас, односно за името кое се појавува на личната карта на 61 годишната адвокатка, која го има променето полот пред 15 години.

Адриан е избрана како кандидатка во Каракас на Volundad Popular, една од 27-те партии кои ја сочинуваат коалицијата MUD.