Промоција на анализата „Користење на дроги и живеење со ХИВ во образованието“

Промоција на анализата „Користење на дроги и живеење со ХИВ во образованието“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ на 02.12.2015 (среда) со почеток од 14:00 часот во Салата за седници на Филозофскиот Факултет- Скопје ќе ја промовира анализата „Користењето на дроги и живеењето со ХИВ во образованието“ преку дебата на истата тема.

Предмет на оваа анализа се, пред сè, учебниците кои се користат на државните универзитети, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и универзитетот „Св. Климент Охридски“, објавени во студиските програми за учебната 2014/2015 година. Анализирани се  вкупно 22 учебници и учебни помагала, кои се користат во средното и високото образование од областа на социологијата, педагогијата, етиката, психологијата, психијатријата, кривичното право, криминологијата, пенологијата и клиничката токсикологија.

Говорници:
Д-р Ана Мишковска Кајевска– авторка на анализата на третманот на користењето на дроги и живеењето со ХИВ во неколку учебници по социологија, педагогија и етика

М-р Наташа Бошкова– авторка на анализата на учебници од областа на кривичното право и безбедноста во однос на употребата на дроги и живеењето со ХИВ

Прим. Д-р Славица Гајдаѕис- Кнежевиќ– авторка на анализата на учебници кои обработуваат теми поврзани со психоактивните супстанции од областа на психијатријата и сродните науки

Драгана Дрндаревска– уредничка на анлизата „Користењето дроги и живеењето со ХИВ во образованието“ од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“

М-р Вања Димитриевски– програмски асистент за истражување во ЦЕДИ – Центар за едукации, документирање и истражување при Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

За повеќе информации слободно контактирајте не на 02 3214269/078200675 или е-маил dragana.coalition@gmail.com