Родово неутрална заменка ќе биде внесена во шведскиот речник

Родово неутрална заменка ќе биде внесена во шведскиот речник

Минатиот вторник беше соопштено дека родово неутрална заменка „хен“ ќе биде внесена во официјалниот шведски речник.

 

Заменката „хен“ ќе биде додадена на „хан“ (тој) и „хон“ (таа) во новото издание на Svenska Akademiens ordlista, или скратено SAOL, кој треба да се појави во продажба на 15 април.

 

Заменката може да се употребува за трансродови личности или за луѓе чиј родов идентитет е непознат или небитен.

 

„Ова ќе им биде од полза на оние кои веќе ја употребуваат заменката која сега ќе може да се најде и во речникот“ – изјави Штуре Берг, уредникот од Шведската академија.

 

Зборот „хен“ беше измислен во 1960-те како знак на портест на употребата на „хан“ за секоја група на луѓе кои не се ексклузивно женски. Но, употребата на зборот никогаш не беше широко прифатена.

 

На почетокот на овој век, трансродовата заедница во земјата го прифати зборот и неговата употреба стана попопуларна.

 

„Хен“ сега може да биде најден во официјални текстови, судски одлуки, новинарски текстови и книги.

 

Во англискиот. Заменките „тие“ и „нив“ можат да се употребуваат за кој било род, иако имало повици за алтернативни замеки каква што е „zhe“.

 

Извор: GSNews