Христијан Јанкулоски избран за нов член на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Христијан Јанкулоски избран за нов член на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија

Извршниот директор на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Христијан Јанкулоски е избран за нов член на бордот на ГФ за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Неговиот мандат започнува на 2ри април, 2015 година а ќе трае до 2017 година. Јанкулоски има повеќе од 15 години менаџерско искуство во невладиниот сектор, како на национално, така и на меѓународно ниво. Како извршен директор на ХОПС покажал одлични лидерски способности во финансиското и програмското планирање, вклучувајќи го менаџментот на програмите за поддршка на маргинализираните заедници, како корисниците на дроги и сексуалните работници/чки.

 

Јанкулоски, меѓу останатото, работи на воспоставување и зајакнување на намалување на штети, програми за превенција на ХИВ и туберкулоза кај ранливата популација – вклучувајќи и успешно застапување за зголемена финансиска поддршка и одржливост на овие програми во рамките на источна и југоисточна Европа.

 

Изборот на Христијан Јанкулоски за член на бордот на ГФ е од голема важност за земјите во развој и за регионот на источна Европа, особено во борбата за обезбедување одржливост на програмите кои во моментов се поддржани од Глобалниот фонд.

Преземено од  ХОПС.