16 Mar Креативен протест на една трансродова жена од Канада
Виторија, Британска Колумбија – Една трансродова жена протестира против новите рестрикции за употреба на јавните тоалети во земјата постирајќи „селфи“ фотографии направени во машки тоалети.
Брае Карнс започна да постира слики на социјалните медиуми за да покаже колку „изгледа несоодветно“, велејќи дека на сите им е „чудно“ кога таа става кармин додека мажите во позадина ги употребуваат писоарите.
Во 2013 канадските власти усвоија закон со кој го додадоа терминот „родов идентитет“ во Кандскиот закон за човекови права. Откога законот беше усвоен, државата со која раководат конзервативците го измени додавајќи член според кој на трасноровите жени нема да им биде дозволено да ги употребуваат женските тоалети.
Сенаторот Дон Плет рече дека со дозволувањето на трансродовите жени да ги употребуваат женските тоалети „им се дозволува на педофилите да го злоупотребуваат законот“.
Карнс смета дека измената на законот е „одратна“ и „смешна“.
Користејќи го хаштагот #PlettPutMeHere нејзините постови беа споделени илјадници пати на Фејсбук и Твитер, вклучувајчи и профили на многу други трансродови жени.
Слични рестрикции беа предложени и во во САД во сојузните држави Тексас и Флорида.
Извор: LGBTQ Nation