Објавен триесетиот број на S-Work

Објавен триесетиот број на S-Work

Објавен е триесетиот број на магазинот за сексуална работа S-Work. Во новиот број ќе може да прочитате:

 

3-ти март, Меѓународен ден за правата на сексуалните работници.

Кои права ги има сексуалниот работник, т.е еден човек кој одлучил да го продаде своето тело за пари ? Но, сексуалниот работник е прво човек, а потоа сексуален работник. Оттука има еднакви човекови права како сите нас.

 

 

Приказна за српската воена транс пензионерка Хелена

Хелена својата приказна ја обелоденува во март 2014 година, прво пред својата сопруга, а подоцна и пред својте 4 деца. Нејзините деца на почетокот не го прифаќаат она што нивниот татко сака да им го каже и често влегуваат во конфликти. Но после скоро една година семејството на Хелена полека ја прифаќа реалноста и покрај тоа што не живеат со својот татко тие се во секојдневна комуникација со него. Хелена со својата поранешна сопруга гради цврсто и вистниско пријателство.

 
Инспирација: Кармен Дел’Орефис

Сигурно ќе се запрашате зошто во нашиот магазин пишуваме за оваа дама, но таа секако е безвременска инспирација за слобода на умот, рушењето на стереотипи и себепочитувањето.

 
Искрена и навистина силна!

Фотографката која ги има направено овие слики за животот на Бони, за овој свој проект вели : „Јас се обидов да го покажам животот на Бони искрен колку што можев и брутален колку што може да биде.”

 
Еротските фотографии низ историјата: голотијата како вечна инспирација

Уметниците креирале, теоретичарите објаснувале, а публиката секогаш уживала со ваквите фотографии.

 

 

Новиот број на S-Work можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

Преземено од СТАР-СТАР