Фејсбук овозможува да си го опишете родовиот идентитет со свои зборови

Фејсбук овозможува да си го опишете родовиот идентитет со свои зборови

Минатата недела Фејсбук соопшти дека ги прошири опциите за род со тоа што водеде поле во кое со свои зборови може да се опише родовиот идентитет.

 

Ова значи дека корисникот на оваа популарна социјална мрежа кој не се идентификува со ниту една од постоечките опции достапни на Фејсбук може да си напише свое објаснување за својот родов идентитет.

 

Проширените опции за родовиот идентитет се достапни за секој оној кој го употребува Фесјбук со американската верзија на англискиот јазик.

 

Овој потег е дополнување на промените кои Фејсбук ги направи минатата година кога за родовиот идентитет додаде повеќе од педесет опции.

 

Потегот беше поздравен од повеќе ЛГБТИ организации.

 

„Со воведувањето опција луѓето да можат со свои зборови да си го опишат својот родов идентитет. Фејбук продолжува да биде лидер во посветеноста на почитувањето на ЛГБТИ корисниците“ изјави Сара Кејт Елис, претседателка и извршна директорка на ГЛААД.

Д-р Елиза Бјард, извршната директорката на Геј-лезбејската и стрејт мрежа за едукација, рече:

„Новиот формулар за родов идентитет на Фесјбук е огромен чекор за правата на младината која не се конформира кон постоечките родови стандарди“.

 

Извор: Gay Star News