25 Feb Марихуаната е многу побезбедна од алкохолот
Марихуаната е многу побезбедна во споредба со другите рекреативи дроги, вклучувајќи го и алкохолот. Од друга страна, истражувачите систематски ги потценуваат ризиците кои се поврзани со конзумирањето алкохол. Ова се заклучоците во неодамнешното истражување објавено во научното списание Scientific Reports кое е подружница на Nature.
Истражувачите го прoучувале ризикот од смрт поврзан со употребата на неколку често користени супстанции. Тие дошле до сознанието дека на ниво на индивидуалната употреба алкохолот е најсмртоносната супстанција. На второ и на трето место биле хероинот и кокаинот.
Според авторите на истражувањето во кое направиле пресметка во која ги споредиле смртоносните дози на супстанцијата со дозата која вообичаено се употребува од типичните корисници, марихуаната е сто четиринаесет пати помалку смртоносна од алкохолот. Марихуаната е вусшност единствената дрога во студијата која за корисниците имала низок ризик од смртност.
Овие резултати ги потврдуваат безбедносните рангирања на дрогите кои беа развиени пред десет години со употреба на различна методологија. Стидијата е повеќе реафирмација на претходните резултати. Таа е овјавена во вистинско време со оглед на постоечките дебати за правниот статус на мархуната на национално и интернационално ниво.
Секако многу битно е да се напомене дека „побезбедна од алкохолот“, не значи и „целосно безбедна“. Постојат низа ризици поврзани си употребата на марихуаната. Повеќето ризици се поврази со проблеми со менталното здравје и повеќето се зголемуваат доколку во случајот дололку се започне со употреба на марихуана на рана возраст, како и во случајот на честа употреба.
Извор: Washington post