28 Jan Конференција за ЛГБТИ правата на Западен Балкан
Идната среда (4-ти февруари), Интергрупата за ЛГБТИ права при Европскиот парламент ќе биде домаќинка на конференецијата за ЛГБТИ правата на Западен Балкан. Регистрацијата за настанот е се уште отворена и можете да се пријавите за учество на следниот линк.
Средбата е дел од поголема конференеција организирана од страна на КУ Левен Универзитетот од Левен, Белгија и Квин Мери Универзитот од Лондон, Велика Британија.
На листата говорници кои ќе се појават на конференцијата се наоѓаат и Емина Бошњак од Отворен Центар Сареаво (Sarajevo Open Centre), Европските пратеници кои се активни по прашањата поврзани со ЛГБТИ правата на Западен Балкан, Бјорн ван Розендаал од ИЛГА Европа, како и голем број на истражувачи на темата на конференцијата.
Средбата ќе се оддржи во Брисел и е отворена за пошироката јавност. Доколку сакате да присуствувате на настанот можете да се пријавите за влезница на следниот линк.
Извор: lgbt-ep.eu