Голем број на луѓе употребуваат дрога, но еве зошто повеќето не стануваат зависници

Голем број на луѓе употребуваат дрога, но еве зошто повеќето не стануваат зависници

Употребата на дрога е вообичаена, но зависноста од дроги е ретка. Секоја трета возразна личност ќе употреби нелегална дрога во својот живот, а околу три милиони ќе го сторат тоа само во Англија и Велс. Повеќето од нив нема да имаат долготрајни последици.

 

Постојат непосредни ризици од предозирање и труење и долготрајни здравствени ризици поврзани со долготрајна и честа употреба на дрога, на пр. оштетување на белите дробови при ваква употреба на канабис или пак оштетување на бешиката при употреба на кетамин. Меѓутоа, луѓето најчесто поминуваат без последици при кратки периоди на експериментирање и учат како да ја прилагодат употребата на дрога на нивниот животен стил, прилагодувајќи ги шемите на употреба на нивните социјални и домашни услови, како што тоа го прават со алкохолот.

 

Во споредба со трите милиони лица кои во моментот употребуваат нелегални дроги, во периодот 2011-2012 во Англија имало околу триста илјади зависници од хероин и крек од кои триесет илјади биле успешно третирани од зависност во најголем прој случаи од канабис или кокаин.

 

Моќниот културен наратив кој е фокусиран на моќта на нелегалните дроги да ги пореметат стабилните и среќни животи доминира во медиумите и политичкиит дискурс и ги обликува политиките. Употребата на дрога е осудена „да излезе од контрола, „да ја уништи способноста на личноста да заработува за живот и да се грижи за сопствените деца, да ги трасформира продуктивните граѓани во социјалци“.

 

Ова е клучна компонента на критиката на социјалната држава и социјалните политики која ја застапува Центарот за социјална правда и која ги следи владата. Меѓутоа, наративнот се распространува и надвор од полтичката арена и ги допира и медиумите и нивното покривање темата на завнисности од дрога.

 

Повеќето корисници на дрога се…

 

Во реалноста, шансите на индивидуите кои немаат никаква претходна раниловост да западнат во долготрајна зависност се многу мали. Хероинските зависници и зависниците од крек не се случајна подгрупа на сегашните три милиони корисници на дрога во Англија.

 

Зависноста, за разлика од употребувањето, е најмногу концентрирана во најсиромашните заедици, и во рамките на овие заедници, тоа се луѓето имаат најтешки услви за живот. Споредно со остатокот од популацијата, херониските зависници и завснисците од крек се мажи од работничата класа, имаат полциско досие и ниско ниво на образование, мала или непстоечка историја на вработеност, кои се раниливи на психички пореметувања и кои се на возраст постара од четирисет години и со влошено здравје.

 

Проблематичното користење на канабис е помалку концетрирано меѓу сиромашните, но најчесто е поврзано со индикаторите на социјален стрес и раниливост кон развивање на психолошки пореметувања.

 

Поголемит број на корисници на дрога се интелигетни луѓе со добри животни ветштини, мрежи на подршка и семејства кои ги подржуваат. Овие предности им овозможуваат да ги менаџираат ризиците поврзани со нивната употреба на дрога, избегнувајќи ги најопсните дроги и менаџирајќи ја фреквенцијата и големината на употреба за да ја редуцираат штетата и зголемат задоволството. Доколку се соочат со проблеми, тие имаат пристап до подршка од страна на семејството и пријателите. Имаат релистични шанси за вработување, да поседуваат дом и да имаат удел во општеството за да можат да се фокусираат и да ја задржат мотивацијата и да се вратат на правиот пат.

 

Раниливите индивидуи од најсиромашните заедници немаат животни вештини и мрежи кои ќе им помогнат во решавањето на проблемите. При донесувањето на одлуки тие им даваат приоритет на непосредните бенефити наместо на долготрајните последици. Мултиплицитноста на предизвиците со кои се соочуваат има дава малку поттик за да ги одбегнуваат ризичните однесувања.

 

Тие имаат поголеми шанси, наместо внимателно да ја калибрираат нивната употреба на дроги за да го минимизираат ризикот, да бидат подготвени да ги употребат најопасните дроги на најопасен начин. Кога ќе станат зависни, мотивацијата да се излечат и шансите за успех се ослабени поради недостатокот на поддршка од страна на семејството, малите шанси за вработување, несигурното домување и социјаланта изолација.

 

Накратко, она што одредува дали употребата на дрога ќе ексалира во зависност има повалку врска со моќта на дрогата отколку со социјалните, личните и економските услови на корисникот.

 

Главите во песок

За жал, силната врска помеѓу социјалната позиција на зависноста е игнорирана од страна на политичарите и медиумските коментатори во полза на препоставката дека зависноста е случаен ризик управуван од страна на моќноста на дрогата.

 

Тоа се случува. Но, нетипичното искуство на релативно малиот број на корисници на дрога од стабилни средини кои стануваат зависници и легитимно придонесуваат за хаосот во нивните животи го засенува искуството на мнозиството на зависници за кои социјаланта изолација, економското исклучување, криминалитетот и раниливото ментално здравје се случило пред нивната употреба на дроги.

 

Гледајќи ја зависноста преку искривените леќи на малцистовото влијае во погрешното разбирање на законодавците на текот на каузалноста и ги приморува на интервенции фокусирани на индивидуалното однесување на корисниците на дроги, без да се осврнат на структурната нееднаквост во која владее ранливоста кон зависноста.

 

Додека на нашето разбирање на употребата на дроги не му дадеме нови рамки и ја разбереме како последица на социјалните зла тогаш сме осудени погрешно да ја усмерувааме нашата енергија и ресурси врз обвинувањето на отфрлените и раниливите, наместо да ги промениме нашите економски и општествени структури и да им дадеме пристап до изворите на отпорноста кои не заштитуваат нас.

 

Извор: The Conversation