05 Jan Нов водич за проблемот на употреба на дрога на музички настани
Како одговор на зголемениот број на смртни случаи на музички фестивали и други настани во САД и зголемената употреба на полициски тактики, новиот водич на Алијансата за политики на дроги има цел на организаторите на настаните да им понуди алтернативен приод кон употребата на дроги кој фокусиран на здравствените аспекти. Препораките се однесуваат на теренска едукација за дрогите, психолошки сервиси и проверка на употреба на дрога.
Во водичот се вели дека употребата на алкохолот и на останатите дроги претставува „норма на скоро секој музички настан“, но и нагласува дека справувањето со употребата на дрогите е тежок предивик. Политиките од ерата на војната против дрогите, како на пример Законот за антипролиферација на нелегалните дроги кој беше усвоен во 2003-та кој е општо познат како „Рејв законот“, се крајно неуспешни.
Рејв законот досега бил погрешно интерпретиран од страна на организаторите на настаните како основа за затворање на нивните бизниси доколку прифатат кој било друг пристап освен нулта тоелранција кон дрогите. „Заеме дека ова е проблематична тема, но време се да размислуваме реално“ се вели во водичот . Факт е дека прагматичнит пристап во справувањето со употребата на дроги може да спаси многу животи на ваквите настани.
Како што е детално наведано во водичот, прагматичниот пристап кон справувањето со употребата на дроги вклучува и подобрување на праксите која организаторите досега ги спроведувале, како употребата на медицински тимови и обезбедување, како и нудењето на нови сервиси како теренска едукација и псухилошки сервиси.
Во водичот се промовира пристапот на намалување на штети во менаџирањето на употребата на дрога на музичките настани.
Водичот со наслов Managing Drug Use at Your Event Guide можете да го преземете овде.
Извор: Drug policy