30 Dec Фотографии против стигмата врз квир сексуалните работници
Бенџамин Фридриксон отрки моќно оружје во борбата против стигмата врз квир сексуалните работници: леќите на неговата камера.
Искрените и често реалитични фотографии на Фридриксон ги опфаќаат годините кога тој работел како сексуален работник во Средниот Запад на САД како и неговото искуство со сероконверзија (периодот во кој личноста продуцира детектирачки ХИВ антитела). Сликите овозможуваат прогонувачки сиров опис на интимноста која ги преиспитува хетерохормативните препоставки за квир животот.
Фридриксон го започна фотографскиот проект во 2005 пред да стане сексуален работник, затоа што бил незадоволен од начинот на кој медиумите ги претставувале квир телата.
„Започнав да ги фотографирам моите пријатели, познаници, клинети и себе си. Ние не можевме да се вклопиме во мејнстирм „калапот““- изјави тој за Мик.
Подоцна, тој започна да работи во секс индустријата.
„Како што напредуваше проектот, јас станав сексуален работник што ме инспирираше уште потемелно да го документирам мојот сексуален живот и ми помогна да го финасирам проектот. Беше навистина интересен дел од мојот живот. И откако дознав дека сум ХИВ позитивен, проектот повторно се измени“- вели тој.
Сликите на Фридриксон ги уриваат стереотипите. Тие претставуваат разни типови на тела во различни состојби на голотија, ја уништиваат погрешната перцепција дека сите квир тела се слични. Неговите субјеки, иако сите позираат кршливо, имаат различна појавност. Некои се млади и мускулести, другите се созреани и тетовирани.
Овие фотографии исто така помагаат во уништувањето на стигмата која постои врз квир сексуалните работници, група на луѓе која е двојно маргинализирана поради изборот на професијата и сексуалноста. Иако медиумите ги портретираат геј машките сексуални работници како сомнителни ликови кои дремат на камјонџиски паркинзи, фотографиите на Фридриксон даваат освежувачка алтернатива, која вклучува интимност и фамилијарност.
Погледнете ја целата галерија овде.