„Лечењето“ на хомосексуалност стана нелегално во Кина

„Лечењето“ на хомосексуалност стана нелегално во Кина

Во првиот случај од ваков вид во Кина, еден подрачен суд во Пекинг донесе одлука дека Центарот за советување во Чунгкинг немал медицинска основа да овозможува „лекување“ на хомосексуалност. Судот нареди клиниката на Јанг Тенг да му исплати казна во вредност од околу шестотини американски долари. Тенг претходно случајот го даде на суд по третманот кој вклучувал хипноза и електрични шокови. Од клиниката му било соопштено дека тоа претставува безбеден и ефикасен „лек“ за хомосексуалност.

 

Судот исто така и наредил на клиниката да објави извнинување за нудењето ваков третман на насловната страница на својот вебсајт кое ќе треба да биде онлјан најмалку 48 часа. Понатаму, судот нареди да се иврши истрага за да се открие дали клиниката има валидна лиценца. Иако во 2001 Кина престана да ја квалификува хомосексуалноста како ментална болест, голем број на клиники ширум земјата нудат третмани за„лечење“ на хомосексуалност.

 

Во видео интеревју Ханг изјави: „ Ова е битна одлука за хомосексуалците во Кина. Ова е првпат властите да усвојат правична одука за геј еднаквоста врз основа на постоечите закони. Според тоа, би можел да им порачаам на сите луѓе во Кина, вклучувајќи ги и родителите и лекарите кои спроведуваат ваков третман, дека „лекувањето“ на хомосексуалноста е не е повеќе легално.

 

Тој поднесе преставка со помошта на ЛГБТ центарот во Кина, невладина оранизација во Кина кој со години протестира против ваквиот третман.

 

Како и многу други геј луѓе во Кина, Јанг кажа дека тој се соочувал со притисок од страна на семјството да се ожени и да има деца. Неговото семејство го убедувало да оди на третман за „лечење“ на хомосексуалност.

 

Извор: Gay star news