ФРИК Фестивал 2014

ФРИК Фестивал 2014

ФРИК Фестивал, оваа година, во соработка со БОШ Фестивал и Ново Доба ќе се случува на Факултетот за ликовни уметности и преку принципите на солидарност и самоорганизирање, на отворени работилници, преку заедничка работа, ќе го постави финалниот концепт на АНТИЧКА ЉУБОВ во Скопје.
http://www.novodobafestival.net/
http://boshfest.com/

 

НОВО ДОБА се заштитници на активната и продуктивна независна сцена од Белград, кои им овозможуваат на авторите, по патот на Направи сам да отпечатат свое дело: стрип, фанзин или графичко дело. Во Скопје, ќе реализираат тридневни работилници, во кои ќе ни ја прикажат самоодржливата продукција на креативната работа, работилници за текстил, цртеж, правење сито машина и сито печат. Со нив пристигнуват и БИТЛСТИ, најпопуларниот бенд на сите времиња, чиј печат е најдлабок во ерата на рокенролот.
https://www.facebook.com/pages/Bitlsti/1513005602318715?fref=ts

 

Ќе погледнеме во аглите на пост-комунистичките случувања, преку независниот режисер РОМАС Забараускас од Литванија, кој не се плаши отворено да говори за геј љубовта во услови на хомофобична, нео-наци и коруптивна средина.
http://www.romaszabarauskas.com/

 

Фестивалот го затвораме со ИЗЛОЖБА на цртежи на тема Античка љубов и неограниченото споделување до перверзност, поглед од нашите критички умови и теоретско мантрање, дали христијанството го ограничи античкото љубење или, пак, мажот го распосла плаштот над сето она што се нарекува љубов, се прашања чии одговори ќе ни ги отворат или не, нашите другари антрополози, поети, теоретичари и пред сè, вљубеници во уметноста и споделувањето на зборот.

 

КЛЕТОТО ТРОЈСТВО сигурно ќе даде остри, бучни и строги одговори кои се во иста линија со нивниот млад и бунтовен дух. Груби басови и психоделични аудио ефекти. Рап и хип-хоп од златната ера!
https://www.facebook.com/kletototrojstvo/timeline

 

– Нашминкај ме во курвински бакнежи – порачува К.Н.Н.Т. Едноставни како тоа, директни на твоите прашања.
http://knnt.bandcamp.com/

 

Три дена, 25-28 декември, во Стаклената соба, на Педагошкиот факултет

 

(Сите заинтересирани за учество на работилниците може да се пријават на frikaktion@gmail.com)