Денеска е 17 декември – Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници/чки

Денеска е 17 декември – Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници/чки

Денеска е 17 декември – меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници/чки кој секоја година се одбележува од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи, пријатели, организации.

 

По овој повод првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава по седми пат се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници и повика на заеднички марш со цел да се охрабрат сексуалните работници кои годинава за прв ќе застанат во првите редови и ќе го предводат маршот.

 

Како што беше наведно во повикот на СТАР-СТАР:

„Ова е Марш кој и пркоси на небезбедноста, а портрет на оние кои ги креираат судбините на сексуалните работници и живеат еден поинаков свет во своето Скопје, за разлика од “курвите” кои ја издржуваат грубоста на улиците. Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот Ели Спринкл изјавила: “Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри – курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри курви не се безбедни на улица, ниту дома”. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично. Ве молиме придружете им се на десетиците сексуални работници кои ќе го предводат овој марш. Овој настан има особено значење за нас“.

 

 

Нападот, силувањата и убиствата на сексуалните работници мора да прекине. Стигмата и дискриминацијата произлегува од законите со кои се забранува на сексуалната работа и кои го прават насилството врз нив дозволено.Затоа на овој ден се повикуваат сите сексуални работници и нивни поддржувачи низ целиот свет да се приклучат на овој настан за спротиставување на криминализацијата и насилството врз нашите заедници.