ХИВ активисти истурија пола тон кравји измет пред канцеларијата на УКИП

ХИВ активисти истурија пола тон кравји измет пред канцеларијата на УКИП

ХИВ активисти истурија пола тон кравји измет пред канцеларијата на Партијата на независност на Велика Британија (УКИП) во Јужен Лондон.

 

На активситите им дојде преку глава од тврдењата на лидерот на УКИП Најџел Фараж и неговите сопартијци дека на луѓето кои живеат со ХИВ би требало да им се забрани да доаѓаат во Британија.

 

Протестот на Светскиот ден на борбата против СИДА-та го симболизира повторното раѓање на лондонскиот огранок на АКТ АП (AIDS Coalition To Unleash Power), група кој беше помалку видлива во Велика Британија во поседната декада.

 

Активистот на АКТ АП, Гери Хантер, изјави: „Доста ни беше од ширењето дезинформации и навредливи напади врз малцинствата од страна на УКИП. Сакавме да му покажеме на Фараж дека луѓето кои живеат со ХИВ нема да ги трпат неговите лајна, па затоа му ги вративме назад. Глупостите кои УКИП ги шири ги стигматизираат и деградираат луѓето кои живеат со ХИВ, геј луѓето и имигрантите. Мислиме дека сосема јасно го искажавме нашето мислење за УКИП.

 

Купот измет пред канцеларијата на УКИП во Јужен Лондон беше декорирана со СИДА панделка со напис „Што си садел, тоа ќе жнееш, Солидарност на Светскиот ден на борба против СИДА-та #UkipStinks“.

 

Активистот Ден Глас додаде; „Фараж даде сугестија дека Велика Британија треба да се однесува исто како и САД и „секоја друга земја во светот“. И да им има забрани на луѓето кои живеат со ХИВ да живеат овде, затоа, како што велат, „Не можеме да си дозволиме да имаме луѓе со смртоносни болести“.

 

Но тоа се лаги. Само 12 насто од земјите во светот ги депортираат луѓето кои имаат ХИВ, а САД ја укина забраната во 2010. Минатата недела поранешниот заменик на Фараж даде скандалозни коментари обвинувајќи ги геј луѓето за појавата на ХИВ-от, велејќи дека живееме „кратки и мизерни животи“. Ако нешто не прави мизерни, тогаш тоа е сеењето страв и демонинизацијата што ги приморува луѓето да се плашат од тестирање и да не дискутираат за својот статус.

 

Во други случаи, политичарите на УКИП тврдеа дека геј бракот предизвикува поплави и дека ако застрелаат еден геј човек, други деведесет и девет ќе станеле стрејт.

 

Извор: Gay Star News