Папата прими шал со боите на виножитото

Папата прими шал со боите на виножитото

Австриската парламентарка од редовите на Зелените, Улире Луначек, на Папата Франсис му предаде шал со боите од виножитото. Симболичниот подарок беше примен со благодарност, но не се очекува дека Папата наскооро ќе го носи при неговите обраќања од балконот во Ватикан.

 

Луначек е копретседателка на Европската парламентарна Интергрупа за ЛГБТ права и е првата јавно прокламирана лезбејка во австрискиот парламент. Таа изјави дека му го понудила подарокот „за гејовите, лезбејките и за мирот“ на Папата за време на состанокот на Европскиот Парламент во Стразбур.

 

Минатата недела за време на синодод за семјството се појавија шпекулации дека католичката црква ќе го омекне својот став за хомосексуалноста и разводот.

 

Папата Францис порача дека е потребен повнимателен пасторски однос кон геј лицата. Меѓутоа, за време на обраќањето на отварањето на конференцијата Хуманум која се оддржа минатата недела, папата изјави дека децата имаат право да пораснат во семјство со татко и мајка“.

 

„Навистина е добро што сте се собрале овде на овој меѓуароден собир за да ја истражите компленетарноста помеѓу мажот и жената. Оваа комплементарност е коренот на бракот и семејството“ – рече тој.

 

Извор: http://qnews.com.a