18 Nov Мексико Сити усвои нов закон за промена на родот на трансродовите лица
Мексико Сити усвои закон со кој на трансродовите лица законски ќе им биде дозволно да го променат родот без да чекаат на одлука на судовите.
Минатиот четврток законодавното собрание на федералната област го усвои законот со четириесет гласови „за“ и ниту еден „против“. Шест пратеници беа воздржани.
Хорхе Запеда Круз, претседателот на комисијата за ранливи групи, рече дека правните промени биле „неизбежни“. Тој смета дека на градските власти им било приоритет да ја забранат дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во сите сфери на јавната администрација.
Мануел Гранадос Коварубиас, претседателот на собраниската комисија за човекови права, рече дека амандманите на граѓанскиот закон ќе ги подобрат животите на трансродовите луѓе.
„Законот е во согласност со уставните реформи со кои се обезбедува надзорот на основните права на луѓето со тоа што не се дозволуваат дискриминаторски дела“- вели тој.
Тој рече дека промените не само што ќе ги елиминираат долгите и комплицирани судски процедури за трансродивите луѓе, туку и го признаваат нивното достоинство.
Мексико Сити веќе има напреден закон за антидискриминација со кој се заштитени ЛГБТИ лицата и според кој трансфобијата се смета за кривично дело. Тој е првиот град во Латинска Америка во кој без медицински преглед се дозволени промени на родот во изводите од матичната книга на раѓање.
Уште од 2012, Аргентина дозволува промена на родот без извршени опретивни зафати и дозвола на доктор, а пак следната недела се очекува чилеанскиот сенат да гласа за усвојување на закон со кој на трансродовите лица ќе им биде дозволена промена на родот без извршени опретивни зафати.
Извор: Gay star news