09 Nov Орегон ја легализира марихуаната
Орегон стана третата сојузна држава на САД која ја легализира марихуаната. Минатата недела гласачите гласаа за усвојување на Mерката 91 со која е предвидена легализација на личното поседување и одгледување на марихуана за лична употреба, како усвојување на систем за оданочена и регулирана продажба на марихуана.
Дистриктот Колумбија исто така одобри иницијатива за легализација на поседување и одгледување марихуана, но оваа инцијатива не предвидуваше и регулирана продажба. Колорадо и Вашингтон ја легализираа марихуаната во 2012. Аљаска исто така гласа за слична инцијатива, но се уште нема резултати од гласањето.
Според изборните резултати, по пребројување на две третини од гласовите, инцијативата била во водство со педесет и три насто. Меѓутоа, по пребројувањето на сите гласови Мерката 91 била усвоена со повеќе од педесет и пет насто од гласачите кои гласале „за“.
Според Мерката 91, полнолетните граѓани ќе може да поседуваат половина фунта трева и да одгледуваат до четири растенија. Комисијата за контрола на алкохолот на Орегон ќе биде задолжена за подготвувањето на предлог-законите и надзорот на имплементацијата на вољата на гласачите. Таа ќе делува во соработка со Одделот за земјоделство и Фондот за здравство на Орегон.
Легализацијата нема да стапи на сила до 1 јуни следната година, а пак продажбата нема да започне пред декември 2015.
„Мотивирачки е да се добие битката за легализациа во рок од една година кога младите се волни да гласаат, со што победата станува уште послатка. Темпото на реформи се забрзува, и другите држави наскоро ќе го сторат истото, па дури и конгресот ќе се разбуди од својата дремка“- рече Итан Нејделман, извршниот директор на Алијасната за политики на дроги.
Извор: Stop the drug war