05 Nov Калифорнија гласаше за декриминализација на поседувањето на дрога
Вчера гласачите во Калифорнија ентузијастично гласаа во полза на значајаната инцијативa за казнени реформи, но ја отфрилија инцијатаивата со која ќе се воведат дрога тестови врз докторите во државата.
Со иницијативата позната како Член 47 ќе се промени казнувањето на поседувањето на дрога и други помали ненасилни дела поврзани со дрога со тоа што тие повеќе нема да претставуваат кривични дела туку прекршоци. На оваа иницијатива се гледа како на значаен потег во намалувањето на масовното праќање во затвор и повлекување од војната против дрогите.
Според податоците од државниот секретар на Калифорнија, со преброени четириесет и пет проценти од гласовите пред полноќ, педесет и шест проценти од гласачите гласале за усвојувањето на Членот 47.
Алијансата за политики на дроги, чие крило за лобирање Акција за политики на дроги придонесе за кампањата Граѓаните на Калифорнија за безбедни маала и училишта „Да за Членот 47, соопшти дека се задоволни со резултатите.
„Огромната поддршка за оваа реформа испраќа силна порака на национално ниво, покажувајќи дека гласачите не само што се спремни, туку и имаат волја да ја намалат затворската популација на начин на кој ќе се зголеми јавната безбедност“ – изјави извршниот директор на алијасната Итан Нејделман.
Според Членот 47, дваесет илајди лица кои служат затворска казна за поседување на мала количина дрога ќе можат да бараат скратување на казните, а новиот прием на затвореници годишно ќе се намали за помеѓу четириесет до шеесет илјади лица. Стоици илјади граѓани на Калифорнија кои имаа досјеа за поседување дрога ќе можат да побараат бришење на прекршоците со што ќе се отстранат пречките за вработување, домување, јавни бенефиции и образовни можности.
Извор: Stop the drug war