Презвитерот Тодоров со конспиративни теории за постоење на геј „пропаганда“ во Македонија

Презвитерот Тодоров со конспиративни теории за постоење на геј „пропаганда“ во Македонија

Коментирајќи ја веста објавена на Форум за најавата за поднесување кривични пријави за фан страните на Миленко Неделковски и Јанко Илковски, презвитерот Тодоров во пост на Фејсбук групата напиша: „Идеологијата на перверзниот, сексуален, квази-либерален, релативистички извртен, но и добро платен, пропагандистички центар започнува да си ја одработува задачата“.

 

Во продолжението на постот објавен на фејсбук групата „ДА ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО КАКО ЦРКВА“, Тодоров смета дека „најголемиот процент од граѓаните и граѓанките на Р. Македонија се ЗДРАВИ луѓе, со здрав, нормален и природен однос кон љубовно – сексуалниот – репродуктивен аспект од нивниот живот“ и предупредува „внимавајте, тоа е само еден аспект од животот, а некои пропагандисти од тој еден аспект подготвуваат „подмолна бомба“ која има за цел да ги дигне во воздух сите наши животни аспекти!“

 

Во понатамoшnaта расправија Тодоров пишува дека „проблемот не е во луѓето кои имаат, ваква или онаква сексуална ориентација, туку во пропагандата и идеологијата што се „гради“ врз нивните „права“, „слободи“…“

 

Постот предизвика жолчна дискусија во рамките на Фејсбук групата. Од големиот број на коментари со кои се дава поддршка на Тодоров, во одреден дел од нив се промовира говор на омраза кон ЛГБТ заедницата.

 

„Мене лично и не ми пречи да има повеќе педери, нека се пердашат каде сакаат и колку сакаат, ама овие веќе почнуваат да покажуваат заби. Ненад, а може подобро да ги пуштиме да се забавуваат во соба со лавови и алигатори?!?“ – смета еден подржувач на Тодоров.

 

Но,како одговор на конспиративните теории, се јавија и Фејсбук корисници кои се критични кон неговиот став и кои го повиковаат Тодоров да се огради од насилниците кои минатата недела извршија напад врз присутните на прославата на двегодишнината од постоењето на ЛГБТИ центарот на подршка.

 

„Извршено е насилство. Се обвинува жртвата. Тоа е поддршка на насилството, колку што јас разбирам. „Новинарите“ Миленко и Јанко отворено повикуваат на насилство и на егзекуции… Хомосексуалците и хомосексуалките ја немаат таа слобода. Освен притикосот на општеството и фамилијата, говорот на омраза, треба уште да се пазат и од насилници да не бидат тепани. Просто е – слобода и еднаквост за сите!“ – смета Јордан Шишовски.