Онлајн кампања за замена на терминот „проститутка“ со „сексуална работничка“

Онлајн кампања за замена на терминот „проститутка“ со „сексуална работничка“

На оние кои живеат надвор од заедницата на сексуални работници им е тешко да направат разлика помеѓу „проститутка“ и „сексуална работничка“. Но, за голем број сексуални работници/чки и нивните сојузници, фактот што во прирачникот за стилови на Асошиејтед Прес сексуалните работници се нарекуваат „проститутки“ претставува симбол за тоа како мејнстрим општеството ги навредува и стигматизира оние кое работат во секс индустријата.

 

„Зборовите имаат моќ. Голем број од оние кои нудат сексуални услуги сметаат дека терминот „проститутка“ е осудувачки и стигматизирачки. Така сметаат и групите кое се предводени од сексуални работници кои Отворено Општество ги поддржува“ – вели Себастијан Кругер, офицер за комуникација на организацијата за човекови права Фондација Отворено Општество.

 

Како резлутат, терминот „проститутка“ допринесува за исклучување на сексуалните работнички од пристап до здравствени, правни и социјални сервиси. Зборовите кои Асошиејтед Прес одлучува да ги користи имаат широк опфат и поставуваат стандарди по кои луѓето се управуваат“- смета тој.

 

Мајк Стабил, филмски работник и активист за сексуално здравје од Беј Ареа, вели дека замената на терминот „проститука“ со терминот сексуална работничка ќе ги принуди мејнстрим медиумите да ја признаат сексуалната работа како било која друга професија.

 

За разлика од терминот „проститутка“ кој може да се употребува и како глагол и како именка (вообичаено е активистите против трговија на луѓе на пасивен начин да зборуваат за сексуалните работнички, како жени кои „се проституираат“) „сексуална работничка’ е термин кој на жените кои работат во сексуалната индустрија им придава моќ за делување.

 

Стабил ја споредува разликата помеѓу двата термина со разликата помеѓу „хомосексуалец“ и „геј“.

 

„Проститутка е архаизам и е повеќе корисен за полицијата и моралните крстоносци, отколку за лицата на кои се однесува“ – смета Стабил.

 

Не само што терминот „проститутка“ е архаичен и навредлив: Во многу случаи не е ни прецизен. Додека „сексуална работничка“ може да се користи за да се опише жена која е ангажирана во форми на легална сексуална работа, од девојки кои настапуваат пред камера до еротски модели и егзотични танчарки, „проститутка“ се однесува само на нелегалниот акт на размена на пари со секс.

 

Доколку сакате да предложите ревизија на следното издание на водичот за стилови на АП можете да ја посетите нивната веб страна овде. Крајниот рок за пријавите е 31 октомври.

 

Извор: Daily Dot