15 Oct Слејт: „Што е случува со ЛГБТ правата во Македонија?“
По трет пат откако дојде на власт во 2006, македонската владеачка партија се обидува да го промени уставот на земјата воведувајќи забрана за истополовите бракови. Со амандманот 33 исто така ќе се забранат и граѓанските партнерства или која било друга форма на регистрирано партнерство за истополовите парови.
Доколку напорите на партијата со застрашувачко име, Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство, позната по скратеницата ВМРО, бидат успешни, Македонија ќе им се придружи на Србија и Црна Гора како бивши членки на Југославија кои имаат ексклузивистички уствани рестрикции. Овие ексклузивни хетеросексуални дефиниции се во спротивиност со европското право. Европската конвениција за човекови права која Македонија ја има потпишано содржи членови со кои се почитува правото за приватен и семеен живот и уживање на ова право без дискриминација. Минатата година во случајот на Валианатос и други против Грција, судот пресуди дека исклучувањето на истополовите парови од регистрацијата на граѓански партнерства во Грција ги прекршувало овие членови.
ЛГБТК организациите, вклучувајќи ги и ЛГБТ Јунајтед и ЕГАЛ, досега не ја пристиснале владата да воведе брачна еднаквост. Меѓутоа, тие и опозицикста партија СДСМ стравуваат дека
рестрициите на дефиницијата на правно признаено партнерство на истополовите парови ќе им го укине правото на приватен и сеемен живот, ќе ја институнационализира дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето и ќе резултира со зголемена нетолеранција во македонскотото општество.
Уште од 2006, фокусот на ВМРО, конзервативната националистичка партија, беше врз реконструцијата на македонскиот идентитет со посебен фокус на етно-национализмот и семејството. Ова вклучуваше и преобразување на главниот град Скопје во Лас Вегас на македонскиот национализам заменувајќи го бруталистичкиот изглед на градот со неокласинчни градби и бројни споменци на херои-коњаници.
За ЛГБТК Македонците, владеењето на ВМРО значеше занемарување на нивните права во спортивност на посветеноста на владата да стане дел од евроатланското семејство на нации преку приемот во ЕУ и НАТО. Се уште е легално да се дискриминира врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет при вработувањето и пристапот до бенефиции и сервиси, не постои закон против говор на омраза и злосторства мотивирани од омраза, ниту пак национална политика за справување со таков вид на омраза.
Законот за антидискриминација усвоен во 2010 не ја спомнува сексуалната ориентација иако владата тврди дека ЛГБТ граѓаните се заштитени под „други основи“. Ова е во спротивност со фактот што земјата сака да и се приклучи на Европската Унија која очекува таа да усвои напреден закон за антидискриминација со кој ќе се овозможи заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација.
Местото на Квир Македонците во општеството е маргинално. Во годишниот извештај на групата за геј права ИЛГА Европа се документирани неколку физички насилства врз ЛГБТК луѓето. Во 2013 скопскиот ЛГБТИ центар беше три пати нападнат. Во март беа фрлани камења врз демонстранти. Во јуни центарот беше нападнат од толпа вооружена со шишиња, метални шипки и пиротехнички материјали. Во јули напаѓачи се качија на кровот на зградата и го запалија.
ЛГБТК активистите исто така беа напаѓани на улиците. Активистите кои носеа знамиња и плакати и делеа флаери во центарот на Битола, вториот по големина град во Македонија, беа нападнати минатата година. Напаѓачите подоцна постирале слика на својот Фејсбук профил со пораката „Никогаш повеќе педерите нема да стапнат во Битола“.
Таквите напади и негонењето на одговорните одговараат на шемата која може да се забележи во поголемиот дел на поранешна Југославија. Канцелариите на Либертас, ЛГБТК дроп-ин центар во Приштина, Косово беа нападнати во декемеври 2012 по што центарот беше затворен. Истиот месец, забава организирана од Косово 2.0 магазинот со кој се одбележуваше бројот посветен на секс беше нападната од страна на исламистички насилници. Сараевскиот ЛГБТК филмски фестивал беше нападнат минатиот февруари од страна на маскирани напаѓачи во кој беа повредени три лица. Соочени со такво остро непријателство, геј животот во регионот е често сокриен од јавноста.
Владеачката партија ВМРО не направи ништо за да ја промени состојбата на јавниот дискурс во Македонија. Неодамнешната кампања за локалните избори беше одбележана со употребата на хомофобични и трансфобични навреди за кои Беким Асани, претседателот на ЛГБТ Јунајтед вели дека се обиде да се оттргне вниманието на јавноста од вистинските проблеми во земјата.
„Хомофобијата се користи како политичко оружје кое рефлектира поширока шема на ЛГБТ виктимизација во Македониија“ – изјави британскиот активист за човекови права Питер Татчел. „Тоа е еден од најрегресивните анти-геј режими во Европа. ЛГБТ активистите во Македонија работат во услови на екстремно анти-геј непријателство. Тие се хероите и хероините на глобалната борба за квир слобода“.
Итергрупата за ЛГБТ права на Европската комисија повика македонскиот закон за антидиркиминација да биде усогласен со правото на ЕУ, како и политичките и општествените лидери да го осудат хомофобичното и трансфобичното насилство. Но ВМРО повторно се обидува да направи уставни промени кои се однесуваат на бракот, не само затоа што тоа е во согласност со етно-националистичката идеологија на партија туку и затоа што во Македонија хомофобичните и трансфобичните закони и говор носат политички поени.
Лиам Хоар е фриленс автор чии дела од областа на политиката и литературата се објавени во Forward and the Tower. Тој е дипломец на Школата за словенски и источноевропски студии на Универзитетот Колеџ Лондон.
Преземено од Slate.