Колорадо ги легализира истополoвите бракови

Колорадо ги легализира истополoвите бракови

Минатиот вторник во сојузната американска држава Колорадо бракот стана легален за истополовите парови.

 

„Повеќе не постојат правни бариери со кои би се спречиле истополовите бракови да се венчаат во Колорадо“ – соопшти јавниот правобранител Џон Сутерс.

 

„Од денеска шеесет и четирите службеници се правно обврзани да доделуваат лиценци на истополови парови кои ќе го побараат тоа од нив. Понатаму, Одделот за јавно здравство на Колорадо е обрзан да ги регистрира таквите бракови во регистарот на државата Колорадо“ – додаде тој.

 

По изјавата на Сутерс, врховниот суд во Колорадо ги отстрани ограничувањата на окружните службеници кои започнаа да доделуваат лиценци на истополови парови.

 

Пет други држави се во слична ситуација како Колорадо и се под правна власт на судовите кои ги поддржаа одлуките за отстранување на забраните за бракови. Републиканските гувернери на четири други сојузни држави меѓу кои Казас, Северна Каролина, Јужна Каролина и Вајоминт, изјавија дека ќе се заложат за одбрана на забраните за стапување во брак, додека пак во Западна Вирџинија гувернерот Реј Томблин не даде никаков коментар.

 

Извор: Washington Post