Канадските сексуални работници/чки се задоволни со својата професија

Канадските сексуални работници/чки се задоволни со својата професија

Во обид да се повлече предлог-законот со кој ќе се криминализира купувањето секс во Канада, ново истражување покажа дека повеќето сексуални работници/чки во земјата се чувствуваат комотно, среќно и задоволно во нивната работа.

 

Финасирано од Канадските институти за здравствени истражувања, истражувањето се базира на стотици интервјуа во шест канадски заедници. Резултатите покажаа дека седумдесет насто од сексуалните работници/чки се задоволни со својата професија, а шеесет и осум сметаат дека имаат добра работна сигурност. Осумдесет и два процента од испитанците рекле дека се соодветно платени.

 

Со предлог-законот за проституција се предвидува криминализација на продавањето и купувањето секс. Неговата цел е да ја укине оваа индустрија во Канада. Предлагачите на законот сметаат дека повеќето лица кои продавааат секс претставуваат жртви, а пак оние кои купуваат секс за нив претставуваат преверзни лица. Се очекува следната зима законот да биде усвоен.

 

Но, според главниот истражувач Сесилија Бено резултатите од студијата одат наспроти овие ставови. „Тие не сметаат дека се жртви како што се претставени во предлог-законот. Тие се исти како и секој друг, само што ги немале привилегиите кои ние сме ги имале“-вели Бено.

 

Осумдесет и еден насто од сексуалните работници/чки и осумдесет и три проценти од клиентите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека сексуалните работници/чки биле оние кое ги поставувале условите за трансакциите.

 

Крис Атчинсон, социолог од Универзитетот на Викторија, изјави дека кога клинетите му пристапуваат на сексуалниот работник или работничка со разни барања, другата страна одговара со „сакам или не сакам да го направам тоа“, а потоа следат преговорите за трансакцијата.

 

„Колку подолго трае комуникацијата толку има помалку шанси да се создаде конфликт и а сексуалниот однос ќе биде побезбеден“, додаде Атчинсон.

 

Во истражувањето учествувале двесте и осумнаесет сексуални работници/чки од шест различни заедници во Канада.

 

Извор: The International Business Times