Младината во Чиле ги подржува истополовите бракови

Младината во Чиле ги подржува истополовите бракови

Според неодамнешна анкета на чилеанскиот Национален младински институт, седумдесет проценти од младите граѓани на традиционално конзервативната земја изјавиле дека го подржуваат стапувањето во истополви бракови како и на посвојувањето на деца од страна на истополови парови.

 

Истополовите бракови се моментално забранети во Чиле, но чилеанскиот конгрес наскоро ќе усвои закон за граѓански партнерства и за геј и за стрејт паровите, иако тој нема да биде еквивалентен на бракот.

 

Анкетата насловена „Перцепциите за сексуалната разноличност“ откри дека шеесет и четири насто од младите Чилеанци имаат поддршка за можноста истополвите парови да посвојуваат деца, а педесет и еден процент сметаат дека равојот на детето нема да зависи од тоа дали родителите на детето се во истополов брак.

 

Осумдесет и четири насто изјавиле дека сметаат дека хомосексуалноста е „валидна сексуална ориентација“. Оваа бројка ја претставува огромната промена на социјалните ставови во споредба со тоа што на слична анкета спроведена пред дваесет години само шест проценти од испитаниците го имале истото мислење.

 

Чиле, како и другите латиноамерикански земји, прави огромини напори за признавање на ЛГБТ правата. Истополовите односи беа декриминализирани во 1998, а во јули 2012 беше усвоен закон за заштита од „произволна дискриминација“. На геј мажите од 2012 им е дозволено да донираат крв, лезбејките имаат пристап до ин витро оплодување. Но, сепак постои нееднаквост при возраста за согласност (осуманесет годишна возраст за хомосексуалците, а четириаесет за хетеросексуалците), и бракот и посвојувањето не се дозволени за хомосексуалците.

 

Извор: Gay Star News