Истражување: Декриминализацијата на марихуаната има огромна поддршка во САД

Истражување: Декриминализацијата на марихуаната има огромна поддршка во САД

Ново истражување покажa дека мнозинството полнолетни Американци ја поддржуваат декриминализацијата на марихуаната во САД, но и дека поддршката се зголемува.

 

Во истражувањето, кое што беше објавено минатата недела од страна на агенцијата СивикСајенс, беа анкетирани четиристотини и педесет илјади граѓани на САД во текот на изминатите две години. Анектираните одговараа на прашањето „Дали подржувате или се против усвојување на закон во вашата сојузна држава со кој ќе се легализира, оданочи и регулира марихуаната на ист начин како и алкохолот?“

 

Педесет и осум насто од анкетираните изјавиле дека подржуваат таков закон од кои триесет и девет насто изјавиле дека целосно подржуваат, а деветнаесет насто изјавиле дека половично подржуваат рефроми на законите за марихуана во нивната сојузна држава. Дваесет и пет насто изјавиле дека се противат на легализацијата на марихуана, од кои дваесет и девет насто изјавиле дека целосно се противат, а шест насто дека половично се противат марихуаната да се рагулара на ист начин како и алкохолот. Седум насто изјавиле дека немаат мислење за ова прашање.

 

Истражувачите ги одделиле податоците од одговорите во последните три месеци, односно од мај до август, и приметиле дека постои зголемување на поддршката и намалување на бројот на противниците на регулирањето на марихуаната. Од оние кои биле анкетирани во последните три месеци, шеесет и еден насто изјавиле дека подржуваат легализирање на марихуаната, а триесет насто изјавиле дека се против.

 

Дваесет и три сојузни држави во САД, заедно со Дистриктот Колумбија, ја имаат легализирано марихуаната за медицински намени, а две држави, Колорадо и Вашингтон, ја легализираа марихуаната за рекреативни потреби. Следниот ноември, гласачите во три други сојузни држави како и во главниот град на САД ќе гласаат за нови закони за регулација на марихуаната.

 

Извор: Huffington Post